Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 70 | година XIII | јануари-февруари, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 70јануари-февруари, 2010
Критика

Кон „Географија на маленкоста“ од Ацо Гогов

/4
стр. 1
Трајче Бјадов

Книгата кратки прози „Географија на маленкоста“ од Ацо Гогов, условно составена од четири дела („Пред-слово“, „Слова“, „Пред-слика“ и „Слики“) во кои се поместени вкупно четириесет кратки прозни записи, во два циклуса „Слова“ и „Слики“, парадоксално, се чини, пред сè засегнува една епска тема која на друг начин е разработена во едно друго дело, „Кон другата земја“, од Митко Маџунков, а тоа е другоста (себеспознавањето преку/ во очите на другиот/ читателот/ второто јас). Имено, самиот наслов сугерира неколку прашања од типот: „кој сум јас?“, „кој е мојот простор?“, „како да го опишам и запишам?“, и што е уште поважно „како да го именувам?“. Впрочем, како и Маџунков, Гогов не само што ја тематизира другоста (опозицијата „себе“: „друг, низ полето/ телото на јазикот) ами како да тргнува токму од местото кога, главниот лик од „Кон другата земја“, Кирил, на својот син му зборува дека ќе му напише книга „не од зборови, туку од она од што тие настанале“ и ја развива својата „приказна“, запрашувајќи се што со тоа мисли Кирил: Како без зборови да се напише книга? Куриозитет е што оваа книга во својот нерафиниран облик, прво го освои интернет просторот, а потоа хартијата! Читањето, пак, на „Географија на маленкоста“ бездруго, претпоставува една книжевна компетенција во Калеровска смисла, каде да се интерпретира делото значи да се раскаже приказната за читањето.
    Гогов во својата книга кратки прози не вели дека го знае одговорот од спомнатите прашања, ниту пак стапува во некаков директен дијалог со наведената книга, но сите слова и слики во неговиот земјопис на маленкоста, се еден од можните одговори на прашањата: „А што беше пред зборот?“, односно, „Од што е составен зборот?“, конечно: „Што го предизвика зборот да се појави?“. Одговорот можеби е неважен и арбитрарен, и не се состои само во поврзаноста на зборот со сликата (и обратно); можеби самата потрага по одговорот, самата игра е поважна од одговорот, зашто Гогов знае дека тоа не е само онтолошко прашање за постанокот на нештата, на јазикот, на текстот, (на јазикот и текстот како тело и дело), па затоа избегнува да филозофира, (но не е и да биде нефилозофичен кога на пример, на крајот од „Пред-словото“, поентира: „Кажи постојам!“). Така тој се појавува истовремено и како Создател, но и како (библиски) Читател на она што го создал!
    Гогов со своето писмо посочува дека длабоко припаѓа на традицијата којашто го карактеризира спојот помеѓу интелектуализмот и сексуалноста, во Бартовска смисла, каде читањето е споредено со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+