Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Театар Теорија

Театарот во потрага по својот нов идентитет

/2
стр. 1
Јелена Лужина

    Во текот на последните две години и всушност во текот на последната деценија современиот македонски театар го одбележаа длабоки парадокси. За ова да се разбере подобро ќе се обидеме да ја објасниме и опишеме македонската театарска реалност прво преку презентирање на глобалниот контекст (и не само културниот контекст) во рамките на кој егзистира современиот македонски театар. Во овој глобален контекст се разбира е вклучен и фактот дека Република Македонија е релативно мала балканска земја (25 000 км2 со околу 2 милиона жители) со долга и богата културна историја – примарно урбана – и е создадена од густа мешавина на различни јазици и традиции (македонски, турски, влашки, еврејски, албански…). Моментално доминира процесот на транзиција, карактеристичен за сите бивши комунистички земји, кои се обидуваат да асимилираат друг, подемократски начин на живот.
    Затоа што моменталните парадокси го дефинираат македонскиот современ театар во согласност со тој контекст ќе дефинираме некои од најважните: релативно голем број на професионални театарски институции (девет) во кои делуваат дванаесет константни ансамбли (десет за театар, еден за балет и еден за опера).
    Релативно големиот број на актери, пеачи, играчи и музичари се во постојан работен однос (скоро 500!) и најголем дел од нив имаат високо образование (комплетно факултетско образование).
    Релативно е скромна годишната продукција – во однос на квантитет – на новите драми (најмногу 30 премиери).
    Релативно е мал бројот – повторно во однос на квантитет – на повторни изведби во текот на годината (не повеќе од 1000 претстави).
    Релативно е голема концентрацијата на театарскиот живот во главниот град Скопје. Вон главниот град има пет театарски институции кои функционираат, но само една од сите нив – Битолскиот народен театар има висок професионален и актерски стандард.
    Релативно е ограничена мобилноста ако не и отсуствува мобилноста на театарските куќи во главниот град, кои освен на штиците од нивните театри ретко настапуваат на други места (ако земеме во предвид дека во Македонија балетот, операта и Театарот за деца имаат секој само по еден ансамбл, како што е случај и со Театарот на народности – Турска и Албанска драма, очигледно е дека постоечкиот модел на театарска организација боледува од преголема „статичност“).
    Релативно е мала посетеноста на театарската публика посебно во малите градови и нејзиното „преферирање“ на „полесни жанрови“ (земајќи го во предвид добро познатиот факт дека театарската публика спаѓа во категорија што е изградена во долг временски период, ние веруваме дека може да се тврди дека „старомодноста“/назадната организација на театарот што постои до денес неминовно продуцира старомодни театарски естетики, точно означено






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+