Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 71-73 | година XIII | март-август, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 71-73март-август, 2010
Поезија

Космополис

Од „Космополис / Kozmopolis / Cosmopolis“, Блесок, 2010.
превод од словенечки: Игор Исаковски


/8
стр. 1
Алеш Дебељак

Космополис
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

_______________________________________________________________________

Космополис
за Јосип Ости,
Сараево – Љубљана

Наслушни добро: на трубата ли е тоа појот тенок? Коњицата
јазди низ минати дни. Сенката на древниот судир уште еднаш сака
вистина да е. Далеку се скалилата, кои се извиваат до облакот.
Паѓаат планините, гралот трепери. Преку работ му се излева

празнината. А ти, толку чудесно, растеш побрзо одошто
те уништуваат. Сеницата не сака да го напушти гнездото. Западниот ветар
те повикува на избавување, издлабено во лебот на масата на последниот
ручек. Расипана вртимушка. Сè повеќе исчезнати деца.

Но ти истрајуваш. На светот му влегуваш во зборот, во бесконечниот монолог.
Трепкаво снежење си врз вечно вклучениот екран. Сводот на семирот
над тебе е кристално јасен. Сите ние другите

немоќно гледаме во студениот ѕвезден затвор. Гледаме како од
пламенот, кој над плеќите ти трепери, а не те проголтува,
се крева прст. И го пишува, неуморно, своето „сум“ врз небесниот свод.


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+