Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 71-73 | година XIII | март-август, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 71-73март-август, 2010
Есеи

Странствувањето и провинцијализмот

/4
стр. 1
Елизабета Баковска

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом.
    – Јосип Ости

Зборот странствување за првпат го сретнав како средношколка, во насловот „Странствувањата на Чајлд Харолд“ од Бајрон. Тоа беше еден од оние зборови кои сите ги разбираат, а никој не умее точно да ги објасни. Дури неколку години подоцна, го сретнав и оригиналниот наслов “Pilgrimages of Childe Harold” и сфатив дека македонскиот превод на англискиот оригинал може да значи и аџилак, т.е. свето патување, патување кое има одредена конкретна цел – духовно прочистување, но, што е исто толку важно, и патување кое има кружна траекторија, т.е. неминовно во себе го носи враќањето дома. Странствувањето така се формира како термин со позитивен полнеж, како процес на учење и просветлување преку патување, преку живеење далеку од дома, но и како враќање на домот како појдовна точка. Патникот, аџијата, странствувачот, одговорите кои ги нашол на тоа патување ги носи (ги враќа) дома, на вистинското место, онаму каде што се родиле и прашањата кои ги побарале тие одговори.
    Со самата своја природа на трагање, движење, динамика, отвореност кон светот, странствувањето стои наспроти провинцијализмот. Овој вториов е термин полн со негативен полнеж, означуваjќи пред сè зачмаеност, неподвижност, застареност и ограничување. Во културна смисла, провинцијализмот, како што вели новинарката Мирјана Павловска во една колумна насловена како „Културниот провинцијализам“, не кореспондира со светот. Тој е агресивен кон сопствената средина, а крајно инфериорен во комуникацијата со другите. Провинцијалецот не поставува прашања, а уште помалку трага по одговори. Тој живее во својот ограничен свет на наследени лажни вредности кои ги проектира врз остатокот на светот, лесно и сурово судејќи го она што не го познава. Меѓутоа, во една подлабока смисла, провинцијализмот значи и скриен, никогаш неостверен копнеж по она што е светско наспроти провинцијалното. Така, провинцијалецот го посакува она што не го познава, тој сака да верува дека на некој начин се издигнал (или пак може да се издигне) над провинцијата на која, за негова жал, тој скоро природно ѝ припаѓа, без оглед дали тоа го сака или не.
    Меѓу овие два термини, странствувањето и провинцијализмот, и меѓу овие два идентитети, аџијата и провинцијалецот, се наоѓаат последните генерации македонски емигранти, оние за кои можам да кажам дека припаѓаат на тн. емигранти-интелектуалци (наспроти претходните генерации на економски емигранти). Елизабета Шелева овие луѓе ги нарекува и дијаспорични интелектуалци. За генерациите на дисапоричните интелектуалци, пак, многу често се врзува и еден трет термин, номадство. Во обид да го објасни значењето на овој термин во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+