Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Театар Осврти

Одисеја 1999

/2
стр. 1
Наташа Старделова

   Театарскиот проект ДУХОТ НА ЛИМЕНКАТА ја започна својата одисеја на 27 март истовремено одбележувајќи ги светскиот ден на театарот и 300-тата премиера на Народниот Театар Антон Панов од Струмица. Текстот за оваа трагикомична фарса е на младата авторка Билјана Гарванлиева, а режисерот Горан Тренчовски постмодернистички го наслика на сцена. Годинава, пред влегувањето во новиот век,

тандемот Гарванлиева – Тренчовски пред себе поставиле задача да го загатнат прашањето – што беше духот на овој век?
    Низ очилата на трагикомичната фарса вечната тема Ерос не е ниту розева ниту возвишена, а нејзината опачина – Танатосот е доминантна. Прекриената слика на реалноста авторката ја сврзува со симбол, предмет кој веројатно и ќе го означи веков, лименка од КОКА КОЛА, која е бакнеж во петарпановата љубов, платежно средство и остров кој апокалиптично тоне. Меѓутоа лименката е и пандорината кутија од која човекот на дваесетиот век голтајќи ја слатката течност го вшмукал сето зло – отуѓеноста и деструкцијата. Така, духот кој ќе го одбележи веков всушност е недухот зошто единственото вредно, љубовта, останува запечатена  и фрлена на дното на морето.
    

    Приказната која само навидум е неповрзана, има цврста структура и заокружена целина. Одисеј од 20 век се враќа дома кај својата Пенелопа. Но, не ја наоѓа ниту верна, ниту радосна  поради враќањето, ниту жива. Светот во кој  ја оставил исто така предсмртно издишува гушејќи  се во сопствениот смет. Она што останало е симболичниот остров од лименката кока кола, доминантниот симбол на минималистичкиот сценограф Марјан Пецов Захов, кој тоне во океанот од отпад.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+