Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 71-73 | година XIII | март-август, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 71-73март-август, 2010
Критика

Потрага во себе

(Игор Исаковски, „Пливање во прашина“, Блесок, 2010, 236 стр.)


/2
стр. 1
Гоце Смилевски

    Игор Исаковски е писател кој прозните вредности што решава да ги достигне ги реализира на многу едноставен начин – интензитетот на неговата творечка моќ е така силен што со минималистички вовед во приказната и со неколку реплики во состојба е вешто да ја поведе нарацијата и да направи пресврт во неа. Нешто слично се случува и при креацијата на ликовите во неговите дела – тој со неколку едноставни потези ги доловува во нивната специфичност и индивидуалност. Овие вредности на неговата проза најдобро доаѓаат до израз во неговиот роман „Пливање во прашина“, првпат објавен во 2005 година. Поставувајќи ја за мото мислата на познатиот македонски писател Живко Чинго „Кога сум на пат, јас знам дека живеам“, авторот пишува еден вид романескен пандан на road movie (а да не заборавиме дека впрочем овој филмски жанр потекнува од романескната уметност, можеби од познатиот роман на Керуак), преку кој многу остро и прецизно претставува слика за едно време, за еден вид односи и преплетувања во кои неговите ликови го прифаќаат својот свет во мигот кога тој свет нив ги отфрла – станува збор за почетокот на крајот на дваесеттиот век, и за почетокот на крајот на една држава, на почетокот од деведесеттите, во една од тогашните републики на Југославија – Хрватска. Така, кога станува збор за категоријата „авантура“, прилепена до овој текст, тоа значи дека оваа одредница треба да се сфати условно и во наводници. Станува збор за еден вид суштински испразнета „авантура“ преку која грчот на главниот лик во комуникацијата со другиот, взаемното неразбирање на некој чуден начин се трансформира во солидарност или разбирање од повисок ред. Парадоксалноста на вака поставената ситуација е во тоа што главниот лик во романот, во ваквиот сиров и сив контекст успева преку својата наративна но и животна позиција да постигне нешто што би можело да се нарече жестоко спротивставување на баналноста на секојдневието и од таквите ситуации да извлече дополнителна книжевна, но и животна вредност и мудрост.
    Оттаму и романот на Исаковски може да се чита во „клучот“ поставен од Милан Кундера во „Уметноста на романот“: дека романот претставува истражување на можностите на егзистенцијата во едно конкретно време и на еден конкретен простор. Игор Исаковски ги истражува крајните капацитети на можноста текстот да опфати и дефинира еден свет кој ги губи своите контури и ги губи своите вредности.
    Станува збор за роман во чиј фокус е идејата на потрагата и ја кажува добро познатата поента – секоја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+