Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 71-73 | година XIII | март-август, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 71-73март-август, 2010
Критика

За парче чоколада, за шмрк кафе по напишан ред и за уште нешто друго

(Звонко Танески, „Чоколада во портфолио“, Блесок, 2010)


/5
стр. 1
Весна Мојсова-Чепишевска

Толкувачот е по дефиниција надворешен по однос на текстот кој го анализира, но според класичната концепција, тој треба да се приближи колку што е можно повеќе до својот автор, да се нурне во неговиот свет, да се смеша со него (2004: 131-132)[1]. Па така како што Звонко Танески најде храна (конкретно чоколада) т.е. сласт за своето искуство на интеграција во друга култура (првин во чешката, а сега сè повеќе и во словачката), така и јас пронајдов една своја егзотопија при читањето на таа негова сласт. А егзотопијата на читателот е предност, не хендикеп (2004: 132)[2]. Од друга страна, толкувачот на текстот е на свој начин минувач, тој настојува да постигне подобро да општат писателите и читателите (2004: 285). Зашто читањето, како впрочем и гледањето филмови, или дружењето, пиењето кафе, поделувањето на последната коцка чоколада, ти помага да сфатиш дека постоиш само во врска со другите. Сосем сам си никој, без никаква идеја за самиот себе[3]. А посветувајќи се на толкувањето на другите, истакнува Цветан Тодоров, ти се нуди можност да ја конвертираш мааната во предност и така сомнежот во сопствената способност да им се допаѓаш на луѓето да го трансформираш во неверојатно способност за толкување/разбирање на другите. Колку овој текст ќе успее да покаже до кој степен се слеав со стиховите на Танески и притоа да соберам храброст да зборувам со нивниот глас, не знам. Ама, еве ги искажувам и, во исто време, и тие ме искажуваат зашто ги изразуваат моите убедувања подобро отколку што би можела тоа да го направам самата јас[4]:
    (да се биде гол во душата е последната голотија
    која сè уште има цена –
    во сè останато може да се лаже)
.
      (од Интерупција на песната и животот)
    Книгите ќе постојат сè додека постојата приказни кои се уверени дека мора да бидат раскажани и додека постојат читатели (и писателите се читатели) кои читајќи ги тие приказни се уверени дека тие мора да бидат допишани, ќе рече Дубравка Угрешиќ (Забрането читање. – Скопје: Сигмапрес, 2002, 203). Па така и овој поетски ракопис Чоколада во портфолио (Скопје: Културна установа БЛЕСОК, 2010, 112) е една од тие приказни кои мораат да бидат раскажани, а со нивното читање и допишани:
    Книго моја, отвори се до крај
    како жила полна со набабрена крв,
    како бокал вино за жедни усни,
    како абер за преселба
    како незавршено патување,
    како трагање надвор и внатре во себе,
      
    Во тебе
.
      (од Отворена книга)
    Ова се стихови кои се конзумираат како парче чоколада со кое се задоволува потребата

_____________________________________

1. Цветан Тодоров. Должности и наслади. – Скопје: Фондација за македонски јазик „Небрегово“, 2004, 131.
2. … токму Бахтин, нагласува Цветан Тодоров, воведува една категорија, еден збор малку тежок за превод од рускиот вненаходимост, кој го предадов со „егзотопија“, кој помага да се мисли тоа што го нареков „одроденост“ (2004: 131).
3. Единката не е некој што веќе постои, кој влегува потоа во врска со другите: таа е, напротив, конституирана од врски. Но времето минува, а пак идентитетот постепено се обликува. (…) Тоа е еден приближно алхемиски процес – а сите луѓе го имаат каменот на мудроста: оној што го конвертира случајот на некоја средба во неопходност на некој живот (2004: 286).
4. Види „Другите во мене“ во Должности и наслади. Ibid. 284-288.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+