Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Проза

Кажи му збогум на поетскиот пев

(одломка)


/6
стр. 1
Иван Коленич

Рече дека ме сака како предмет за поетски пев, како нешто со огромна влакнеста опашка, нешто што е апсурдно прекрасно, а притоа очајно примитивно, старомодно, предисториско; те сакам како предмет на оној најубавиот поетски пев, зашумоли со напупените усни Кларика пред сите да заспијат и да ѝ дозволат на ништожноста да се симне во светот, засега недовршен; те сакам како предмет на поезијата, како рој од животворни крвни зрнца, како род на безнадежни скитници…, додека сите уште не спиеја, Кларика беше во свој елемент, беснееше до небесата кои се белееја како пречкртана свест, го исплукуваше сладоледот врз бастардите и се смееше, стоеше на раце и се виткаше во клопче, на плоштадите ја соблекуваше маичката, им ги кинеше срцата на старците, беше многу привлечна, прекрасна, сонуваше со отворени очи за инаугурацијата на лудилото; и веднаш се замрачи и сурово колнеше – смрт за плевата, изобилство за животот! Сакаше да го проба сето она што се зборува за лудилото поетско, сакаше да биде како поет, како неговото прочуено црево, долго и пенливо, копнееше да се опива до изнемоштеност, до поматеност, како што тоа го прават само поетите кога се во форма и не знаат за стоп; копнееше за поетски пев заедно со мене, копнееше да ги остава лигите од стиховите и од прашалниците да капкаат од јазикот, копнееше за себепрашување кое будеше неверојатен немир; се одлучи да мечтае, да ја повикува светлината, сјајот, раскошот, странската легија на самотијата, сакаше сè, шок, бакнеж, надуен презерватив што ќе направи бжж, кога ќе го испуштиш, сè, сè сакаше, водеше љубов со мене до истоштеност, до последната капка пот и крв – секаде, каде било, постојано и секако, на сите начини, одозгора, одоздола, нежно, брутално како чудовиште, кревко како летна плашица, викаше ајде дојди веќе, дојди, поету мој, ја обожавам твојата несреденост, твојата смрдеа, дојди и загризи ми ги бумбарчињата од брадавиците, јас веќе целата горам и го посакувам тоа многу, многу, дај ми го твојот дигнат лонгобард, што штракоти и се грчи… Полеана со камиони од шампањ ми ги покажуваше градите исончани од мајското сонце и си ги поткреваше нив повисоко за целосно да ме полуди и да ме раздразни на перонот, во канцеларијата, во кафезот на зоолошката градина; се смееше над вулгарните машки шеги, се клештеше грлено, зарипнато како лажливец, сè на неа беше естетски совршено, бидејќи гореше од љубов, од нега и од лошо сокриваното јавно самоубиство, сè околу неа беше вистинско, стварно,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+