Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Театар Осврти

Вирусот наречен Зуко

/2
стр. 1
Билјана Гарванлиева

    Дипломската претстава на режисерот Дритро Касапи на текст на Бернар-Мари Колтес покажува дека тимската работа е неопходна за успешно поставување текст на сцена, па затоа и оваа драма живее како жив организам кому сите органи му се на своето место.
    Приказната е од модерното општество во кое вистински вредности веќе не постојат и каде медиокритетот е идеал, а секое штрчење на  надвишените значи сечење или враќање во дозволените вредносни рамки.
    Дритро Касапи го замислил дејството како имагинарно бекство на мислата на Зуко од стегите на општеството, од затворот од кој само во флуидна форма е можно бекство. Во својот имагинарен свет (ниво кое на театарска сцена е најтешко да се достигне) тој ги убива родителите, авторитетите кои го врзуваат за системот, се губи себеси, Роберто Зуко (примерниот), го заборава своето име и добива име Убиец, за на тој начин да ја пронајде својата вистинска природа и да може да летне преку ѕидовите, а не само да истече.
    Движечката сила во претставата ја има токму Зуко (Рефет Абази) и низ секоја сцена неговиот карактер се разлева се повеќе, што и е неговата цел да се стопи со околината и да не се приметува. Дејството се случува во главата на Зуко, а актерската вештина на Абази го отсликува Зуковиот интелектуален и емоционален свет. Тој е индивидуата која се спротивставува на ликовите – слуги на системот кои наликуваат еден на друг (Сашо Тасевски и Никола Кумев).
    Ѕвезда Ангеловска во улогата на девојката на Зуко се вгради во трансформацијата на својот лик од наивна девојка во Далила. Мајда Тушар четирите ликови на жените (мајките, проститутката, госпоѓата) ги одигра веродостојно и оригинално, така што никоја од четирите улоги ни најмалку не наликуваат една на друга. Билјана Драгичевиќ исто така има тешка улога да игра три лика од кои два (машко и женско) се наоѓаат и во исто време на сцената. Нејзините трансформаации се целосни и разграничувачки. Бранко Ѓорчев во улогата на старецот и инспекторот го покажа своето актерско искуство, а Владимир Ѓорѓијоски во улогата на детето е актер за кој наскоро ќе слушаме.
    Во целост сите атери се соживеани со своите улоги, квалитет сам за себе што ѝ дава филмска активност и драматичност на претставата (сцената Заложник која верувам е најомилена кај публиката токму поради својата динамичност).
    Филмичност има и во менувањето на сцените, сечени како филмски кадри, а изборот на музиката на Виолета Симјановска е идеално вклопен. Тактот на ударните инструменти се лепи за душевната состојба на главниот лик и токму






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+