Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Проза

Плоштадот на Космонаутите • Генерација Ю

(одломка)


/8
стр. 1
Вилијам Климачек

Марош[1] ја бакна жената што спиеше и тивко излезе од спалната. В раце ги носеше фармерките и маичката со слика на кугличните лежишта, симболот на не толку дамнешното време, кога работеше во фабриката. Се викаше Ачко. Лежиштата нежно се умилкуваа една до друга и се обидуваа да ја убедат јавноста дека го претставуваат она што се произведува во Ачко. Сликата веќе беше избледнела од честото перење исто како и нејзиниот сопственик од раното станување, а јавноста пак исто така одамна знаеше дека затворената фирма за лежишта беше, всушност, фабрика за оружје.
    Марош се облекуваше со вообичаени движења. Четириесет и пет годишното тело го совладуваше напорот без излишното чкрипење, иако токму раменото сè почесто го потсетуваше на бодликавата болест, но тоа веќе претставуваше секојдневно чувство. Помалку несигурно влезе во гаражата и го извади велосипедот од татко му.
    До неодамна сите се потсмеваа на неговата масивна рамка и на големите тркала. Седиштето беше растегнато со два федери што беа способни да растресат и цел вагон. На рамката светеше натписот на кирилица – ЗИФ. Денес веќе советскиот раздвижувач се премести во категоријата на ветерани, а кај некои паметници почнуваше да буди и сонувачка почит. Марош Кујан не сакаше да слушне ниту збор за својот темно-син ЗИФ.
    Го притисна надвор од оградата на домот што спиеше и по стрмниот брег помина низ гробиштата. Покрај камењата од Лоурдската пештера, која во напластените карпи ги сокриваше гипсената Дева Марија и исушените цвеќиња, површно се прекрсти. При малечката купола што се распаѓаше седна на крцкавото седиште и долу по Крстосувачкиот пат одлучи да се превезе.
    Низ градот што се разбудуваше прелета одлучно, затоа и го разгази барем до половина асфалтот под вијадуктот што водеше од градот кон стрмниот рид. Точно до таблата ВЕЉКЕ РОЈЕ, меѓникот на неговата кондиција.
    Заседна и задишано го запедали велосипедот сè до крајот на ридот. Ја мина металната капија со излеан натпис Д + Р + Е + В + О + Ч + А + С, чии букви беа разделени со црвени ѕвездички, денеска веќе ΄рѓосани. Претпријатието уште минатиот месец сметаше на него, но масичките за конференции од блед орев кои вечно изгледаа како прокапани со вода или пак мини-шанковите со поместени вратички беа толку гнасни што веќе не ги преземаше ниту белорускиот партнер. Марош спаѓаше во групата на првите испуштени работници.
    На врвот од ридот сврти накај прашливото патче и го остави велосипедот во грмушките. Од кожната торбичка зад седиштето извади огледалце, четка и шишенце со вештачка

_____________________________________

1. Ју (Ю, ю) е буква од кирилската азбука што авторот ја искористил за да го симболизира англискиот хомоним „you” што претставува референца за словачката генерација, која е израсната во периодот на советската окупација и која неспорно му се восхитува на животниот стил на Западот.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+