Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Проза

Планот за испраќање

Кафе Хиена – Калисто Танзи


/8
стр. 1
Јана Бењова

Елза: Јадевме заедно грозје и го запивавме со розе вино. Наредниот ден напипав во џебот влажно стебленце од грозје. Изгледаше како обрано дрвце.
    Калисто Танзи исчезна од градот што го зафати горештината. Топлината испаруваше од домовите и од улиците директно во лицата, а распалениот град им се втиснуваше на луѓето на челата како печат.
    Застанав пред театарската витрина за да можам да го прочитам името на Калисто на плакатите и да си потврдам дека тој постои и во стварноста. Уживам во изговорот на името кое го измачувало во текот на целото детство и за време на пубертетот, а кое навистина престана да му пречи дури со моето доаѓање. Полека чекорам на другиот крај од градот, мускулите на нозете лесно ми лебдат низ жешкиот воздух. Пладне е. Единствено нешто што на оваа планета вистински се движи се капките пот. Протекуваат кон коренот на носот и повторно во млазови се лепат под косата.
    Одам да купам отров.
    Јан вчера видел глушец во тоалетот.
    Дератизерот има подрум со вино под продавницата. Во подземјето бегаме од неподносливата омарнина и пиеме. Ми раскажува колку глувците се интелигентни.
    „Имаат вкусувач, тој прв ја пробува храната. Ако пцовиса, останатите не ја ни допираат мамката. Затоа им ги нудиме мамките на другата генерација. Глушецот ќе почне да умира дури по четири дена од консумирањето на отровот. Умира како последица на внатрешно крвавење. За таквата смрт уште Сенека тврдел дека е безболна. Останатите глувци имаат впечаток дека нивниот другар умрел од природна смрт. Ама и така – ако на истиот начин умрат повеќе глувци за кратко време, тие ја вреднуваат локацијата од гледна точка на високиот морталитет како неповолна и се преселуваат. Таквата способност на вреднување во потполност им недостасува на некои луѓе, а и на цели народи“.
    Совршен одвратен свет. Се смешкам над црвениот траминец. Дератизерот зборува многу брзо. Лицето му е постојано во движење. Небаре на него има премногу мускули. Небаре под кожата непрестајно му се придвижува стадото глувци. Од едното кон другото уво. Од брадата кон челото и назад. Чувствувам како под масата му треперат немирните нозе, а целиот труп му се ниша во танцот.
    При таквиот поглед ме фаќа вртоглавица. Главата ми се врти како при пребрзо пресечен филм. Дератизерот се наведнува кон мене и ми ја замотува раката во косата.
    „Вие сте таква убава глувчица“, се насмевнува. И јас се насменувам исто така. Чувствувам дека смрдам од осаменост.
    Ме испраќа и за по пат ми дава најлонска кеса полна со дератизациски средства. Наместо цвеќиња.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+