Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Есеи

Коленич и неговите инспирации

/4
стр. 1
Џон Мојнахан

Пред неколку години ми побараа да преведам извадок од новиот роман на Иван Коленич, Daj zbohom básneniu или Збогувај се со поезијата. Веднаш сфатив дека си имам работа со едно посебно книжевно суштество познато како Проколнатиот поет. Како архетип, во земјите од англиско говорно подрачје Проколнатиот поет е еден од најпознатите поети. Најголемиот поетски собир што некогаш сум го видел се одржа во главната сала од Даблинското кралско здружение, огромен аудиториум што инаку се користи за конференции на поголемите политички партии, концерти на Тина Тарнер и слично; во оваа прилика беше натискан до вратите за поетско читање од страна на Најпроколнатиот Американец Ален Гинзберг. Парадоксално е што, иако Проколнатиот поет го презира конвенционалното општество, конвенционалното општество, кое инаку презира поезија, му оддава на Проколнатиот поет нешто налик на почит. Во некоја мера му го признава повикот. Како божем да го претставува општеството, јавно се опива до бессознание, зема необични дроги, има скандалозни врски, живее на раб на лудило, трпи неиздржливи болки и на крајот белки ќе го набере цвеќето на неговите зла, поезијата. Угледното општество барем покажува интерес. Најпосле може и ќе биде и благодарно – со исклучок на оние угледни луѓе кои се во роднинска врска со Проколнатиот поет.
    Но каков ум има овој Проколнат поет? Има ли смисла за хумор? Ако има, каква е? Се води постојана дискусија дали овие поети воопшто знаат за шега. Голем број читатели мислат дека не знаат – не ни можат бидејќи премногу сериозно си ја сфаќаат задачата. Во некои поединечни случаи докази има во изобилие. Ако го земеме Гинзберг за пример, би се согласил дека хуморот не му е јаката страна.
    Но Коленич го воскреснува Проколнатиот поет со неочекуван хумор, како и со креативна енергија. Уште на самиот почеток Коленич му ја дава совршената девојка која само сака да добие свој удел во поетското страдање:     Ми рече дека ме сака како стихоклепално нешто, како нешто со огромна рунтава опашка, како нешто апсурдно прекрасно и истовремено безнадежно примитивно, старомодно, праисториско; те сакам како најизвонредно стиховно нешто, ќе прошепотеше Кларика низ усните завиени во бакнеж пред сите да заспијат и ништожноста да ја облее земјата, дотогаш бескрајна, те сакам како поетска тема, како јато живи честички, како толпа непоправливи уличарки… додека не беа уште сите заспани Кларика беше во свој елемент, бладаше кон синото небо како прецртана совест, го плукаше сладоледот по шутраци и паѓаше од смеење, правеше стој-на-раце и ѕвезди, ја слекуваше маицата на градски






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+