Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Галерија Осврти

Инсценирање на реалноста со намера да се открие историската парадигма

Алтернативното толкување на минатото во документарниот филм


/11
стр. 1
Мартин Палух

Конкретните случаи на чешки и на словачки документарни филмови што се занимаваат со темата на субјективната историја ги наоѓаме во заедничката чехословачка кинематографија во скромен број. Сумата на филмови која го користи субјективниот поглед при интерпретацијата на историјата во обете национални кинематографии се појавува дури непосредно по распадот на Чехословачката Федерација во 1993 година. Таа промена е поврзана со тематиката на помирување со националното минато, со откривањето на колективниот идентитет и со превреднувањето на минатото врз основа на реперкусиите на историските настани врз субјективноста на поединецот. Карактеристична црта на таквите филмови е типичното поместување од „големите“ линеарно-тековни истории како што ги сфаќаше позитивистичката филозофија и сосредоточеноста врз потрагата по вистината за човекот – вистина презентирана врз основа на субјективното доживување како контакт со историјата. Ако зборуваме за алтернативна историја, тогаш мислиме на нејзиниот однос кон класичните интерпретации на големите истории. Алтернативниот поглед врз историските настани се создава, имено, од спектарот на субјективно прераскажаните приказни. Интенцијата на таквите раскажувања за историјата на поединецот и на граѓанските групи е да предаде алтернативна слика за искуствата од историјата. Таа слика е напати создавана и врз основа на непрецизните спомени, емоционалните додатоци или измислици, но и врз основа на неможноста од верификување на кажаното или согласно припадноста кон некоја група (народност, општество). Документарните филмови на Петер Керекес се работени според два типа архивски материјали, кои заради поедноставна ориентација можеме да ги разделиме на официјални и на приватни архиви. Во повеќето случаи станува збор за визуелни (разгледници, фотографии, неми снимки) односно за аудио-визуелни материјали (коментирани архивски белешки), кои доаѓаат, во рамките на принципите на документарниот филм, до конфронтација со актуелните изјави на конкретните поединци – директни учесници во големите истории. До нивна интерпретација се доаѓа врз основа на малите, фрагментарни кажувања. Затоа можеме да зборуваме за субјективни истории. Токму конфронтацијата на субјективниот коментар со архивските материјали е типична за овој вид на „инаква“ документарна кинематографија.
    Се појавија и слични филмови кај нас, но во рамките на други национални кинематографии. На пример, во Унгарија е типичен претставник на овој вид филмови – режисерот Петер Форгач; во Австрија можеме да зборуваме за филозофска и за експериментална авангарда во филмот, која ја застапуваат Густав Дојч, Петер Черкашки, Мартин Арнолд и др., кои го истражуваат односот на филмскиот медиум кон историјата на сликата, погледот, нарацијата и сл. Сите овие тенденции се означуваат во терминологијата како „found footage” филмови, бидејќи целта на нивното истражување е да го редефинира нејасното сфаќање на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+