Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Галерија Осврти

Vivez Sans Temps Mort

/10
стр. 1
Мира Кератова

„По тротоарите на паркот трча актерот со заврзана уста и нос (преврзани со марама). По исцрпувањето на воздухот, кога веќе нема сили за трчање, ја истргнува марамата и длабоко се издишува. Неговиот потег не е никако документиран“.
    
(Опис на акцијата за 3SD, Јан Будај, 1980)

Почетокот на т. н. „нормализација“ во Чехословачка го обусловуваат настаните од Прашката пролет во 1968 година. Периодот на политичка либерализација заврши со влегувањето на окупациските војски согласно Варшавскиот договор во август 1968 година. Долго потоа, последен настан што предизвика масовна мобилизација на граѓаните беше потегот на жртвувањето на Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 година се самозапали во Прага на плоштадот на св. Вацлав. На пацифистичкиот карактер на колективната резистенција против окупацијата се надоврза во ноември 1989 т. н. „Нежна револуција“, која го донесе и падот на комунистичкиот режим. Таканаречената консолидација во Чехословачка дефинитивно се воведе по 1972 година (на 13-тиот конгрес на Комунистичката партија на Чехословачка и издавањето на документот Поука од кризниот развој во партијата и во општеството). Вацлав Хавел ја нарече „нормализацијата“ од 70-тите години – етапа на пост-тоталитаризмот, кога системот веќе ги беше преживеал своите херојски дела, а стабилизираното општество не ги скриваше своите прагматични цели. Не се бараше луѓето да веруваат во социјалистичките идеали. Доволно беше да се преправаат дека веруваат. Повеќе отколку за цензурата, овде почнува да се зборува за авто-цензурата. Престанува да постои тој што контролира апсолутно сè; контролниот механизам е дистрибуиран во просторот. Кога е во прашање нормализацијата - се зборува за апатија, за асоцијално однесување, за крадеж на имотот во социјалистичката сопственост, за алкохолизам, отсуство од работа, емиграција и сл. Периодот на реалниот социјализам изгледаше како да е вечен.
    

    Културната политика на државата по 1972 година почна да се води според директивите на комунистичката партија. По ноемврискиот втор конгрес на Здружението на словачките уметници се очекуваше од уметноста да го почитува востановениот канон. За обезбедување на тие барања се роди репресивниот систем. Уметничката сцена се подели на официјален и на неофицијален дел, покрај која постоеше масата на средната струја. Алтернативната уметност функционираше во изолираните дисидентски табори, без институционална база. Со оглед на минималните изложувачки можности, во словачката акциона уметност се развиваа специфични облици на land art-от и на body art-от, се потенцираа етичките и процесуалните квалитети на уметноста, се организираа групни проекти. Можностите на underground-от се ограничија на средбите во приватните станови, во ателјеата, на периферијата или во рамките на неофицијалните изложби во нерепрезентативните и неизложувачките простори.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+