Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Критика

Поетски пат кон хармонијата

(Viera Prokešová: Ihla. Dunajská Lužná: Milanium, 2005)


/4
стр. 1
Дана Кршакова

Вера Прокешова е присутна во словачката книжевна средина веќе триесет години, но нејзиниот поетски биланс е прилично скромен. Четири тенки поетски збирки, многу повеќе преводи, а притоа уште и голем број чесно и професионално одработени редакторски ангажмани. Тие четири тенки стихозбирки, сепак, мошне јасно го потврдуваат следното: Вера Прокешова беше и до денес е поетеса – промислувачка, воздржана и умерена во изразот. Нејзиниот поетски лик би можеле да го доловат поимите „зборовна аскеза“ и „трпеливост“, но исто така и цивилниот израз и тематиката на секојдневието. Таа е поетеса која стои малку на страна од гласовитите поетски иницијативи, но затоа пак е поетеса со сопствен лик и со постепено профилиран, продлабочуван индивидуален ракопис.
    Патот на Прокешова кон интимното рамниште на сопствениот поетски стил изгледа на прв поглед спокоен и директен, небаре на него не се наоѓаат никакви драматични кривини. И од чисто формален аспект, нејзината книжевна појава беше целосно во сооднос со тогашното време: најпрво почетнички песни објавувани во списанија во половината на седумдесеттите години, а потоа долго чекање на појавата на дебитантската збирка. Во 1984 година на Вера Прокешова ѝ излезе книгата Туѓа со што стана јасно дека добивме авторка, која поезијата ја сфаќа како изразување на чувствувачка рефлексија на животот. Добивме насмеана млада жена, како што ја претставуваше фотографијата на корицата од дебитантската стихозбирка – млада жена полна со виталност – чија лирика, како што тогаш подвлече книжевниот критичар Валер Микула „не извира од сладоста на светот, ниту пак од себе-насладата (…) Нејзиниот извор се наоѓа попрво во извесната незабележливост на чумите во светот кои демнат да нè зграпчат во своите канџи; поезијата на В. Прокешова се претставува преку радосното претресување на сложеноста, преку пацифирачката доверливост, која сепак никогаш не потпаѓа на ниво на досадна доверлива исповед. Не станува збор за тоа дека авторката сака да ни го покажува својот попривлечен лик – бидејќи тоа навистина не го прави, туку станува збор за тоа што нејзиниот субјект е во преродбенска смисла толку лирски што успева самиот, со своето книжевно битие, да ни го открие попривлечниот лик на светот“.
    Тоа што го означи дебитантската збирка – лирското изразување на чувствувачкиот и на доживувачкиот свет на чувствителната жена – изразно се заостри во следните книги: Сончоглед (1988), Синџирче (1992), Тен (1998). И во нив Вера Прокешова ги артикулира различните видови на женската субјективност. Во читателската себе-идентификација на авторскиот и на лирскиот субјект се изразува самата себеси при што од првичната неконфликтност постепено






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+