Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Критика

Плоштадот на космонаутите

(Viliam Klimaček: Námestie kozmonautov – Generácia Ю. Bratislava: Koloman Kertész Bagala – LCA Publishers Group, 2007)


/2
стр. 1
Александер Халвоник

Освен тоа што Вилијам Климачек со својата книга Плоштадот на космонаутите (Námestie kozmonautov) беше победник на литературниот конкурс Роман 2006, а со својата псевдонимна мафијанска пародија English is easy, Csaba is dead стана еден од најуспешните постмодерни оживувачи на романескната питорескност, тој е и застапник на (денес веќе) книжевната школа, која своите писателски остриги ги коваше на сцените од алтернативните театри. Таквата долгорочна партиципација врз рушењето на традиционалната романескна митологија може да се почувствува и во неговите прозни творби: акцентот е тука ставен врз текот на дејството, врз комичноста и врз изразената јазична хиперболизација. А, кога главно овде станува збор за иронизација на сè со помош на секакви средства, романескната форма е, по правило, само комуникациско опредметување на разновидната содржина. Со таквата постапка постмодерните автори го решаваа „засекот“ во жанрот, што оперираше на поголема временска и просторна површина и користеше релативно позатворени системи на дејства, ликови и временски рамки, но со својот инструментариум не умееше да ја достигне плуралноста на човечката и на естетската автентичност, како и не-идеологизираната вистина за неа. Се чини, сепак, дека преместувањето низ световите на романескната отвореност и низ татнежот на виртуелноста престана да биде интересно и за Вилијам Климачек. Романот не може да се исцица од прстот, колку и да биде тој магичен, па затоа освен идејата си бара, пред сè, и малку концепциска идеологија, малку затвореност и потполно сигурно – и ризик на поедноставување. Значи, теза број еден: Плоштадот на космонаутите бара форма за романескниот израз.
    Климачек ја измисли, пред сè, генарацијата Ю. Тоа е генерацијата родена околу 1958 година и израсната во подолг период првенствено под советска окупација, но и со восхит кон западниот стил симболизиран преку англискиот хомоним You. Постојат две околности, кои за Климачек се релевантни, а кои ја предизвикаа таа фамозна генерациска шизофренија, чии последици се полоши и од божјиот бич: тој бич можеби и не болел, но шизофренијата секогаш го пренесувала сето она што генерацијата го направила до нивото на апсурден хумор. Во романот на Климачек не станува збор толку многу за социјализмот, колку за неговата последица што живее во таа схизма. Се наоѓаме во пост-комунистичко време, во малото гратче Вељке Роје, кому „историјата му се измолкнала“, но кое секогаш ја држело раката врз пулсот на времето, без разлика на тоа дали произведувало оружје, дали ја помагало советската воена основица, дали подигнувало споменици на хероите, дали ги славело туѓите победи, а притоа вешто ги уништувала своите. По падот на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+