Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Критика

План за испраќање

(Jana Beňová: Plán odprevádzania (Café Hyena). Bratislava: Koloman Kertész Bagala, 2008. Ilustrácie Jana Némethová.


/2
стр. 1
Александер Халвоник

Јасно е дека Јана Бењова (1974) би сакала да напише роман. Но, исто така е јасно дека роман за бетонската Петржалка не може да се напише. Не поради тоа што во Петржалка не се случуваат настани за роман, туку поради тоа што во Петржалка има нешта кои со романот немаат ништо заедничко: анонимност, не-индивидуалност, ахисторизам, небезбедни познанства, осаменост на човекот кој копнее по идентитет, сите животи се тука туѓи. Затоа, до сегашната Петржалка од романот не може да се влезе без меморија; Петржалка од романот не може да се сфати, да речеме, без сентименталниот екскурс во временски пооддалечените години на битништвото, или барем на детството; без да се открие нешто во нејзиниот каменест поредок или во бесцелната судбина, каде што единствени животни споменици се големите бетонски згради кои си личат на себе како јајца, што на Петржалка, сепак, ѝ дава некаква цел. Јана Бењова можеби и сето тоа не го знае, но нејзината талентирана интуиција, покажана во нејзините три поетски збирки и во двете прозни книги, се едноставно насочени кон тоа. Петржалка – непетржалка, но да се освои во прозата што и да е, значи да се надмине конкретноста, колку и да биде таа неоспорливо конститутивна.
    Романескната визија на Бењова за Петржалка е веројатно токму затоа, можеби, првата проза за тој мал зад-дунавски и зад-градски бетонски континент, која има свој колорит, своја атмосфера и своја субјективност, независно од тоа што таму токму тоа недостасува. Не е тука забрането да се сонува, да се посакува, да се фабулираат приказни со поинаков дух од тие во кои принудно влегувале малите луѓе без сопствени истории, гледишта и визии. Што со тоа дека тука сè се движи во маѓепсаниот круг на осаменоста, дека тенките ѕидови ја девалвираат човечката интимност, дека човечкото време тука се мери најчесто според пипкањето на регистрирачките каси во хипер-маркетите. Романескното движење, во секој случај, не се случува на пустите улички, туку во главите и во душите на ликовите, кои чекорат по тие улички истовремено заборавајќи и споменувајќи. А, ако самата авторка не се осмелила да ја нарече својата петржалска проза – роман, тогаш причината за тоа лежи во фактот што таа во петржалското тканиво измешала и потполно нови состојки на кои уште никој не се навикнал, ниту таа самата.
    Динамиката на „ритуалите на испраќањето“ е обезбедена со помош на неверојатно полното раскажување, разделено на петнаесет поглавја што дополнително се расчленети на кратки пасажи. Се раскажува во прво и во трето лице






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+