Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 07 | година II | февруари-март,1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 07февруари-март,1999
Театар Текст

Духот на лименката

- трагикомична фарса -


/2
стр. 1
Билјана Гарванлиева

МРТВАТА САКАНА ЧЕКА
    (ОСТРОВОТ ОД ЛИМЕНКА КОКА-КОЛА. ВЛЕГУВААТ ГОЛЕМАТА И МАЛАТА СЕНКА. ДОДЕКА МАЛАТА СЕНКА БУРИЧКА И ПРЕТУРА ПО ОСТРОВОТ, ГОЛЕМАТА СЕНКА ЈА СЕДНУВА ЖЕНАТА НА ОСТРОВОТ. ГОЛЕМАТА И МАЛАТА СЕНКА СИЛНО ЈА НИШААТ ЛИМЕНКАТА. ЖЕНАТА ОД ЏЕБОТ ВАДИ ИСТРОШЕН КАРМИН. СЕ ОБИДУВА ДА ГО ИЗВАДИ СО ПРСТ. НЕ УСПЕВА. ОД ПОД СЕБЕ ВАДИ ЗГМЕЧЕНА ЛИМЕНКА КОКА-КОЛА. СЕ ОБИДУВА ДА ГО ИЗВАДИ ОТВОРАЧОТ. ТОЈ ПАЃА ВО ЛИМЕНКАТА. НЕ УСПЕВА ДА ГО ИЗВАДИ. ПОВТОРНО СЕ ОБИДУВА. ОТКОГА ЌЕ ГО ЗЕМЕ В РАКА, СО НЕГО СЕ ОБИДУВА ДА ГИ ИЗВАДИ ПОСЛЕДНИТЕ ОСТАТОЦИ ОД КАРМИНОТ. СЕ ЦРВИ. ПОВТОРНО ЈА ВРАЌА ЛИМЕНКАТА ПОД СЕБЕ. ГО СОБЛЕКУВА ЧЕВЕЛОТ. ЈА ИСТРЕСУВА ОД НЕГО ЗЕМЈАТА. ЃОНОТ НА ЧЕВЕЛОТ Е ОДЛЕПЕН И ВИСИ. СЕ ОБИДУВА ДА ГО ЗАЛЕПИ. НЕ УСПЕВА. ВКОЧАНЕТО ГЛЕДА ВО МОРЕТО БОГАТО СО ФЕКАЛИИ.)

СРЕДБА
     (ОСТРОВОТ ОД ЛИМЕНКА КОКА-КОЛА. МАЖОТ НА РАЦЕ ЈА НОСИ ЖЕНАТА. ТАА Е ОМЛИТАВЕНА, БЕЗЖИВОТНА. НА ЕДНАТА НОГА ИМА ЧЕВЕЛ, А ДРУГАТА Ѝ Е БОСА. МАЖОТ СО РАЦЕТЕ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА ИСТИСНЕ ВОДАТА ОД НЕЈЗИНИТЕ ГРАДИ. ТАА СЕ ОСВЕСТУВА И СЕ БУДИ.)

МАЖОТ
    Како сте? Гледам јас и не им верувам на очите. Како само ги проголтавте сите риби од морето. Еве, тука има и крапче и сомче и кркушки. За жал, тие се мртви, а вие, како што гледам живи и здрави. Не ми е јасно, како еден мал желудник како вашиот може да собере едно олку големо море.
    ЖЕНАТА
    Чевелот… каде ми е чевелот?
    МАЖОТ
    Дајте ми ја ногата. Ќе ви биде поудобно. Имате убаво стапало како симит-погача. А прстињата, мали, дебелки, кревки како ќебапчиња. Малку сте дустабанлија. Имате и едно малку испакнато ковче на палецот. Тоа сигурно сте го наследиле од мајка ви.
    ЖЕНАТА
    Си го сакам мојот чевел.
    МАЖОТ
    Ќе ви купам нови чевли. Од крокодилска кожа, ако сакате. Убил ли некој до сега за вас крокодил?
    (ПАУЗА.)
    МАЖОТ
    Ќе ви купам нови чевли. Со топуци од плута ако сакате. Само немојте тоа повторно да го правите.
    ЖЕНАТА
    Отидов јас по мојот чевел.
    МАЖОТ
    Остани.(ПАУЗА. МАЖОТ СЕ ПОДГОТВУВА ДА ЗАМИНЕ.) Веднаш се враќам.
    (ТОЈ ИЗЛЕГУВА. ТАА ПРЕТУРА ПО ЌЕСЕТО ШТО ТОЈ ГО ОСТАВИЛ. СЕ ОБИДУВА ДА НАЈДЕ НЕШТО ЗА ДА ГО ИЗВАДИ ОСТАТОКОТ ОД КАРМИНОТ. СЕ ЦРВИ. МАЖОТ СЕ ВРАЌА. НА НЕГОВИТЕ ПАЛТО И ПАНТАЛОНИ ВИСАТ ЗЕЛЕНИ АЛГИ КОИ СЕ ЦЕДАТ. ВО РАКАТА ЈА ДРЖИ ШТИКЛАТА. КЛЕКНУВА ДА Ѝ ЈА СТАВИ. ТОЈ ГО ПРЕВРТУВА ЧЕВЕЛОТ. ОД НЕА ТЕЧЕ КАЛЛИВА ВОДА. МАЖОТ Ѝ ГО ОБЛЕКУВА ЧЕВЕЛОТ НА ЖЕНАТА.)
    ЖЕНАТА
    Мојот чевел.
    МАЖОТ
    Убави чевли. Како бело брашно тип 400. Малкуцка ѓонот виси. Од свадбата ви се?
    ЖЕНАТА
    Што?
    МАЖОТ
    За свадба ви се?
    ЖЕНАТА
    Зошто?
    МАЖОТ
    Да не чекате






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+