Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Критика

Романот „Разум“ од Рудолф Слобода на српски јазик

(Рудолф Слобода: Разум. Зрењанин: Агора, 2007)


/2
стр. 1
Михал Бабјак

Преводите од словачката литература на српски и на хрватски јазик бележат исклучителен дефицит. Прозападната ориентација на поранешните југословенски литератури и пред 1989 година придонесе за тоа редица автори од тие простори да бидат омилени, преведувани и примани во словачката книжевна средина. Српските, хрватските, но и словенечките, босанските, црногорските и македонските автори беа кај нас сметани за прозорец кон светот, за писатели со силно закотвена интелектуална сувереност, која тешко подлегнува на општествените нарачки односно на хоризонтите на општествените очекувања. За поранешниот југословенски контекст, тогашната чехословачка литература беше интересна само во поглед на дисидентството и на манифестирањето слобода на изразот, така што не е изненадувачки тоа што во најголем обем беа преведувани и изведувани автори какви што се Кундера, Хавел, од Словаците помалку – на пример дел од творештвото на Мњачко. Од осумдесеттите години на минатиот век во јужнословенските простори нарасна и интересот за словачките поети.
    Независно од тоа што денес во словачката средина се српската и хрватската литература присутни и живо застапени, сразмерноста почнува полека да се придвижува и во прилог на словачката литература. Голема заслуга за тоа има Литературно-информацискиот центар од Братислава кој програмски ги поддржува издавањето и афирмацијата на делата од словачките автори во просторите на поранешна Југославија. На тој начин, големиот зналец на словачката и на јужнословенските литератури – Михал Харпањ (книжевен научник од редот на војводинските Словаци и универзитетски професор во Нови Сад и во Банска Бистрица) ги преведе на српски јазик најзначајните романи на Павел Виликовски (Коњот на кат, Слепeцот во Врабље; Суровиот машинист и Последниот коњ на Помпеја). Може да се каже дека на исклучителниот преведувачки труд на Харпањ се надоврзува неговата поранешна новосадска студентка Зденка Валентова – Беличова, која заедно со својот сопруг Братислав Белич го преведе најпрво романот на Хрушовски – Човекот со протеза, а најново и романот на Рудолф Слобода – Разум (преводот излезе во 2007 година во издавачката куќа „Агора“ од Зрењанин со поддршка од братиславскиот Литературно-информациски центар и од Министерството за образование и култура на Војводина со седиште во Нови Сад).
    Преведувачите и издавачот во поговорот му даваат до знаење на српскиот читател дека станува збор за култен и контроверзен роман што се појави во сложените околности на осумдесеттите години на минатиот век, а на патот до неговото издавање во Словачка (1982), мораше да помине низ бројни тешкотии. Зденка и Братислав Белич истакнуваат дека се работи за време, кое не им беше многу наклонето на егзистенцијалистичките теми, ниту пак на делото






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+