Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Есеи

Заклучни согледби за поезијата на Јан Ондруш

/10
стр. 1
Звонко Танески

(одломка од словачката научна монографија со наслов:
    Модели на метафорична слика во поезијата на Јан Ондруш
/
    Metaphorical models of figurativeness in the poetry of Ján Ondruš)

Јан Ондруш има трајно и незаменливо место во корпусот на словачката поезија во втората половина на дваесеттиот век. Неговите песни ја движеа домашната творечка атмосфера и водеа кон промени. Движењето на поезијата за која станува збор, сепак, во своите екстремни положби не можеше да се реализира без иманентниот суштински губиток во сопствената поетика. Како легитимна реакција на прагматичното стеснување на функцијата на поезијата и како одбранбена реакција против нивелизацијата на творештвото, поезијата на Ондруш се поврзува со востоличувањето на „новата свест во словачката литература во шеесеттите години на дваесеттиот век“. Поетските резултати на Ј. Ондруш се видливи во доменот на „сложените“ отклонувања во словачката поезија во споредба со нејзините дотогашни форми кои долгорочно повлијаеја врз целосниот карактер на понатамошното домашно пеење. Јан Ондруш беше убеден дека никогаш не смее да ѝ послужи на политиката или на јавните препораки на конкретното време. Мора да остане слободен, независно од тоа што во неговата почетничка фаза може да се забележи извесен степен на „имплицитна ангажираност“, кога во својата песна ги вклучува германските војници (Prehĺtanie vlasu – Prvý mesiac, Nemecká prehliadka 1944, s. 29) и Освиенцим (Šialený mesiac, Osvienčimský oheň, Osvienčimský popol, s. 65, 67, / Prvý mesiac, s. 26, 27). Во секој случај, „во дебитантската збирка на Јан Ондруш – Луда месечина (Šialený mesiac) наоѓаме, трагајќи по реликвиите на схематизмот, само две песни за Освиенцим, но дури и таму многу тешко би можеле да бараме извесен конформизам со духот на времето (претпоставувам само во стиховите и значи / животот остана); туку станува збор првенствено за медитација врз животот и смртта, која не е употреблива за политички цели“[1]. Сетне е тоа точно и поради тоа што „на авторот му беа за време на тоталитаристичкиот режим оневозможени некои права, а тоа го разбирав како обезбедувачки заштитнички штит, бидејќи смислата на неговата поезија беше секогаш остро противтоталитаристичка, на крајот на краиштата – авторот го изразуваше него со помош на високо шифрирани слики“[2].
    Секако, творештвото на Ондруш не може да се дефинира или да се вреднува набрзина и само врз основа на тоа што од него ни се нуди на прв поглед, врз основа на тоа што нему можеме да му забележиме или пак што не можеме од него да извлечеме. Ликот на оваа поезија е сложен, пред сè противречен, динамично конфликтен, каква што

_____________________________________

1. MIKULA, V.: K niektorým reziduám schematizmu v postschematickom období slovenskej poézie. In: BraSlav 2. Zborník z medzinárodnej slavistickej konferencie. Bratislava, FF UK 2003, s. 298.
2. KOVALČÍK, V.: Pohľad na Kľak. In: Literika, 1, č. 3-4, 1996, s. 127-128.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+