Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 74 | година XIII | септември-октомври, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 74септември-октомври, 2010
Есеи

Словачката поезија по 1945 година

/19
стр. 1
Јан Гавура

Периодот од 1945 до 1948 година во поезијата претставува враќање кон творештвото создавано во периодот помеѓу двете војни и надоврзување кон доминантните уметнички струења кои се формираа во триесеттите години на дваесеттиот век. Надоврзување без поизразени прекршувања гледаме во спиритуалната поезија. Книги публикуваат авторите од првиот и од вториот бран на т. н. католичка модерна при што некои од нив ги пишуваат и своите најдобри дела: Јанко Силан – Песни од Ждриар (1947) и Кутрата душа на земјата (1948), Светлослав Вајгл – книгата Љубов смрт (1946). Надежно почна да се развива и третиот бран на католичката модерна, претставена преку творештвото на Војтех Михалик со збирката Ангели (1947) или на две години помладиот од него – Вилијам Турчани. Наспроти тоа, поизразити промени се забележуваат во творештвото на најкомпактната словачка авангардна група поети – надреалистите. Поетиката на фантазирачките и на експерименталните тенденции, за време на напнатиот период на воените години, помина на испит кој откри дека зад богатата сликовност кај повеќето надреалистички поети се сокрива прилично површното и поедноставено видување на светот што не е способно за посуштинска рефлексија. Милан Хамада во тој контекст зборува за криза на надреализмот. Сепак, не се изгубија најисклучителните претставници на оваа авангардна група; поетската композиција на Рудолф Фабри – Јас е некој друг (1946) и песните на Павел Бунчак од збирката Со тебе и сам (1946) спаѓаат во редот на најинспиративните дела во тоа време.
    Настаните од Втората светска војна, кризата на човечноста и напнатите егзистенцијални ситуации им поставуваа на уметниците настојчиви прашања на кои тие се обидуваа да дадат одговор во своето творештво. Многу дела претставуваа непосредна реакција, па така ја наоѓаме темата на војната во поетските збирки веќе од триесеттите години, кога поетите ги восприемаа настаните што нужно водеа кон целосветски воен конфликт. Сите позначајни поети реагираа на војната и сите без исклучок реагираа негативно. Меѓу првите такви автори спаѓа Емил Болеслав Лукач, кој уште во 1934 година во збирката Еликсир пишува за стравот од растечкиот фашизам во Европа, а подоцна кон него се приклучува Лацо Новомески, кој во збирката Светец пред селото (1939) вклучи песни со тематика од шпанскиот отпор против фашистичкиот режим. Подоцна, темата на војната богато ја развија и во следните книги, Лукач во збирките Молох (1938) и Вавел (1944) и повторно Новомески во збирката песни напишана за време на затворскиот престој во 1940-1941 година – Со шверцуван молив (издадена во 1948 година). На грозотијата на војната слично реагираше и Валентин Бениак,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+