Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 75 | година XIII | ноември-декември, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 75ноември-декември, 2010
Поезија

Патот кон тебе

Превод од хрватски: Игор Исаковски


/7
стр. 1
Иван Херцег

Како снег
За невозможните лица
Платно
Сараево
Лимб
Патот кон тебе
Лузна

_______________________________________________________________________

Како снег

Ноќе не можам да спијам
па слушам како ретките духови
низ Загреб го возат времето.
Понекогаш нагло кочат
како да ја изгубиле улицата,
низ мојот ’рбет, низ облаците
низ снегот.

И пријателите ми рекоа „лека ноќ“,
но пак не можам да спијам.
Нè замислувам на свадба
во некој ресторан на река
низ која во секое годишно време
тече чист снег кој никој не го гледа.

Јас посакав венчален фустан,
а ти ми вети невидливост.
Никого немаше да ти противречи,
никого немаше да не ме види,
само ти и јас, ти без мене, јас без тебе,
како секој напуштен снег.

И дома, вели мајка,
паѓа снег кој никој не го гледа
и родителите ми се загрижени.
Небото се спуштило над самоти земја,
луѓето се смалиле до нокот,
и овие овде, и оние таму,
блиску и далеку.

Ноќе ме можам да спијам
па слушам како ретките духови
го слушаат снегот, како снег.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+