Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 75 | година XIII | ноември-декември, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 75ноември-декември, 2010
Поезија

Знам дека знаеш

Превод од босански: Игор Исаковски
Од „Знам дека знаеш / Znam da znaš / I Know You Know“, Блесок, 2012.


/10
стр. 1
Мехмед Бегиќ

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

_______________________________________________________________________

Пауза

Денешниот дожд нема крај.
Денешниот дожд го загубил својот почеток.
Чекорам кон тебе
размислувајќи колку денови веќе
Вака се гледаме.
И зборуваме.
Зборуваме како и секогаш – полека и паметно.
Сè што сега гледам ме потсетува
на Оној Град
кој на нашата врста на крајот ѝ останува.
Нашата врста сака старински филмови.
Тие ги хранат усвоените суети.
Твојата тишина пак ми ги бистри мислите.
Кога ќе помине, ќе ти ја подарам мојата.
Нека водат љубов како што тоа само тишините го прават.
Во паузата од Сè безначајно ти го кажувам
она што утре сакав да го кажам. И вчера.
Дождот уште паѓа и не е студено.
Кафето во шолјите трпеливо чека
покорувајќи му се на
баботењето на нашите желби.
Го сакам дождот кога не е студено
и кога пиеме кафе таму
каде персоналот не ги сака своите
гости,
таму каде што ни музиката не е добра.
На такви места одиме сè повеќе,
особено кога ваков
дожд врне… кога сè останува зад нас.
Се прашувам дали во Другиот град
ќе имам свое место
и некој како тебе
да ми ги дополни
попладнињата на мокрите вторници,
среди, понеделници
и оние другите.
По малку се грижам.
Не поради себе, туку поради тишината
Знаеш веќе… Знам дека знаеш


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+