Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 75 | година XIII | ноември-декември, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 75ноември-декември, 2010
Проза

Дваесет и првиот

(извадок од романот)


/14
стр. 1
Томислав Османли

28.
    Маја се смести во собата во еден стар приватен пансион во пределот на даунтаун, со десетина тесни соби што од прозорецот се издолжуваа во длабочината на зградата, кон вратите од тоалетот и од излезот на спротивната страна. На средина, исто така вдолж, беше поставен нејзиниот кревет со перницата положена поблизу до прозорецот. Маја ја постави обратно, кон влезот, зашто сметаше дека е подобро додека лежи да гледа кон прозорецот одошто кон тоалетот. Собата се наоѓаше на првиот кат и гледаше на малата улица со скромен дрворед, поточно на круните од едно проретчено дрво. Првото утро што осамна во нејзината долга и тесна соба ја разбуди играјќи ѝ со утринските сенки по лицето. Маја погледна преку прозорецот и забележа дека над крошните на кои се појавија првите пожолтени лисја, добар дел од небото го покриваа силуетите на двете грандиозни згради на Светскиот трговски центар. Низ главата ѝ помина мисла дека додека е тука нема да го види сонцето низ прозорец, што ја сневесели, но брзо се утеши дека и онака во Скопје акумулирала доста сонце за целата претстојна година во Њујорк.
    Пансионот имаше телефон што висеше долу, покрај самата врата на влезот. Маја по втор пат уфрлаше паричка во апаратот вртејќи го бројот во Скопје.
    – Ало? – се чу женски глас од далеку.
    – Добар ден, тетка Станка – рече Маја донекаде збунето – се извинувам, може ли да го чујам Гордан?
    – Маја, ти ли си? Па како си, дете? – го распозна, иако за првпат разнежен, гласот на мајка му.
    – Јас се јавувам од Америка. Добро сум. Ве молам, дома ли е Гордан? Линијата скоро ќе ми прекине бидејќи се јавувам од јавен телефон… а немам повеќе ситни пари.
    – Гордан само што ззз… – не го дочу одговорот од Скопје.
    – Да не заминал?
    – Да душо. Замина и тој. Сега треба да е на возот за Виена…
    – Рече ли дали ќе ме побара кога ќе стигне?… – викна Маја во слушалката.
    – Рече дека… – успеа само да чуе Маја и линијата се прекина.
    Во слушалката ечеше само празниот сигнал.

29.
    – Ние се бориме, бе! – викна човечето со железничкото капче на глава – Цел живот се тепаме. Што сме ние криви што имаме толку непријатели. Сите од надвор се против земјичево.
    – А овие од внатре, сите се за него, така? – одврати Гордан без призвук на лутење, сепак решен тука да заврши со овој откачен разговор и конечно да излезе на перонот од кој допираа


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+