Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 75 | година XIII | ноември-декември, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 75ноември-декември, 2010
Есеи

За името и за идентитетот

/11
стр. 1
Златко Крамариќ

Со предавањето „За името“ би сакал да предупредам на некои трауматични прашања (како името, идентитетот, идеологијата, родовата политика…) со кои моментално се соочува и македонската книжевност и теорија, како и македонската политика. Нема никакво сомневање дека сите тие прашања истовремено се и предмет на интерес на многу современи хуманистички дисциплини (антропологија, етика, теорија на политика, теорија на литература, деконструкција, теорија на говорни чинови, феминистичка теорија…). Проблемите врзани за идентитетот се појавуваат најчесто во времињата на криза: кога се доведени во прашање сите постоечки вредности и принципи, кога постоечките шеми на животот не даваат задоволителни одговори на предизвиците на времето, а ништо „ново“ со кое би се супституирало „старото“ не се нуди. Се работи за состојба во која поединци/општества се наоѓаат во некаков „празен простор“ на социјални норми, а сè заедно доведува до засилена несигурност и неизвесност. Во една таква „немирна состојба“ потрагата по идентитет се сведува на решавање на односите помеѓу поединецот и општеството во целост. Она што може да дејствува како своевиден парадокс е фактот дека излезот од овој „заканувачки“ однос многумина го гледаат во „неотрадиционализмот“, бидејќи искуството (преданието, митот…) ги учи дека само традиционалните модели на идентитетот можат да понудат сигурност во време на криза. Тоа значи дека „желбата за корените и етнификацијата на светот“ во такви ситуации се покажуваат како единствено можно и разумно решение.
    Во тој контекст може да се набљудува националната идентификација која станува посебно важна во време на поголеми општествени промени во кои доаѓа до менување на традиционалниот модел на идентитет и до потребата за формирање нов (мислам дека по деведесеттите години „македонскиот случај“ претставува парадигматски пример) и во такви времиња многумина решението го гледаат во враќање кон традицијата. Во такви немирни времиња етничкиот/националниот идентитет станува особено важен бидејќи може да пружи стабилна (природна) и непроменлива јатка на припадност.
    Во современите теории за идентитетот се зборува главно за поимите несталност и променливост. Се смета дека идентитетот претставува само времена стабилизација на значењето. Затоа, кога се зборува за него, треба да бидеме свесни дека не е можно да се зборува за постојан идентитет, туку само за негово „постоење“ кое поради многу причини е подложно на различни трансформации и промени. Идентитетот е променлива категорија и како таква зависи од политичко-историските промени бидејќи секој нов животен/политички контекст (1) може да бара поместување во поинаков – понекогаш дури и противречен – идентитет од оној претходниот. Според тоа идентитетот треба да се сфати како процес, идентитетот не е нешто што е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+