Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 75 | година XIII | ноември-декември, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 75ноември-декември, 2010
Критика

Кристали на суровоста

(Сибила Петлевски, Мојот Антонио Диаволо: француска суита; Фрактура, Запрешиќ, 2007.)


/3
стр. 1
Дора Голуб

Потресна романескна фатаморгана која ги брише границите помеѓу она за кое сме свесни и она кое не можеме да го контролираме. Сите протагонисти, до еден, се полулуди и загубени во своите илузии, спомени, сеќавања и визии.

Постои мислење дека добрата и квалитетна проза е составена од мноштво ситни засебни делови кои се собирани од сите страни и тогаш во последен миг со невидлив коноп се врзани во замрсен, но хармоничен јазол надарен со специфична магија која привлекува помал или поголем круг читатели. Сите имаме свои искршени искуства кои несмасно ги собираме некаде на својот пат, како истурени зрна или скршено огледало кое еден ден, кога-тогаш, мора да се стопи во единство. За среќа, постојат луѓе кои имаат особена дарба токму за собирање на таквите дребни, но вредни фрагменти од навидум сивото секојдневие и нивно претворање во уметност. Значи, како што е складната композиција важна за целокупниот впечаток кој ќе го остави некоја симфонија или како што секој мал детаљ и секоја мала дамка може да е пресудна за убавината на целото сликарско платно, така во добрата книга е потребно да се спојат купче детали и да им се вдахне живот. Како добар пример може да послужи Мојот Антонио Диаволо, најновиот роман на Сибила Петлевски кој, до душа, веќе има своја историја со оглед на тоа дека во првата верзија излезе во 1996 година под наслов Француска суита. Неговото дејство се состои од шест дела во кои се преплетуваат судбини и светови на луѓе од различни времиња, односно шест зголемени сликички кои секако меѓу редови оставаат многу простор за воздух за богата импресија.

Претопување на стварноста и фантазијата


    Иако секој од ставовите на оваа суита може сосем успешно да постои и сам за себе, токму како некој од танците кои инаку го сочинуваат наведеното музичко дело, тие истовремено создаваат совршена композициска целина. Под раката на вештата композиторка, тие ставови стануваат меѓусебно поврзани со речиси нераскинливи невидливи нишки, тивко и незабележливо меѓусебно се преплетуваат. Баш во оној миг кога читателот наивно ќе помисли дека, ете, се оддалечил од дејството на претходно прочитаното, го заплиснуваат познати и препознатливи мотиви во манир на застрашувачко дежа ву. Низ ритмите на хипнозитирачките и на места по малку макабричните танци се провлекуваат ликови кои потполно ги игнорираат и ги запоставуваат годините на немилосрдната лента на времето. Слично на дејство во некоја Поова гротеска која навидум испаднала од најбизарен кошмар, нивното несигурно чекорење може да го прекине само






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+