Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 75 | година XIII | ноември-декември, 2010



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 75ноември-декември, 2010
Галерија Осврти

Со челото на прст

/4
стр. 1
Ана Мартиноска

„Круг“, кафе, убаво друштво и расположение, доволни да се согласам да напишам неколку редови за најновото од четката на Миро Масин. Но, патот од графитот на ѕидот во кафулето „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“, преку часовите минати во ателјето на сликарот и подоцнежниот обид за евоцирање на доживувањата од бројните претходни средби со неговите дела, до смислување на нешто што може да се стави на хартија излезе поголем предизвик отколку што претпоставив во првиот момент. Не само затоа што на патот ми се испречија еден лекарски преглед и еден празен акумулатор, туку пред сè затоа што пишувањето за уметноста значи претпоставка дека таа има значење кое може да се детерминира и артикулира, а за мене сликарството отсекогаш било многу повеќе импресија отколку теорија, многу повеќе емоција отколку размисла. И што сега, се прашував исправена пред новите навраќања на навидум старата тема – Масин и мајмуните, пак!
    

    Оваа тема не само што го исфрли Мирослав Масин од анонимноста уште на почетокот на неговата ликовна кариера, туку стана и остана и прва асоцијација која јавноста ја врзува со неговото име и своевиден знак на препознавање. Дискутабилно е дали воопшто можеме да говориме за навраќање кон темата бидејќи тој всушност никогаш и не ја оставил сосема настрана. Во меѓувреме неговото творештво помина низ неколку творечки циклуси во кои си подигруваше со техниките, формите, форматите, дури и медиумите, но сепак се чини дека сите негови други преокупации, сите негови бакнежи, риби и птици се само продолжение на истите теми за потеклото, смислата, иднината…






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+