Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 76 | година XIV | јануари-февруари, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 76јануари-февруари, 2011
Проза

Празнина

(Прва награда на конкурсот за краток расказ ЛИК, Нова Македонија, 2010)


/3
стр. 1
Елизабета Баковска

Дента на погребот за првпат го виде татка си гол. Го пресоблекуваа неговото исушено, суво и од болеста измачено тело на каучот во дневната, на истото место од кое тој со години гледаше телевизија. Го пресоблекуваа мртовецот со агилност и брзина со која човек прави нешто што мора да го направи, воден од желбата што побргу да заврши. Тежината на телото што омрцлавено им лежеше во рацете не соодветствуваше на неговата смаленост, и го дигаа со напор додека некои мртовечки течности му гргореа во градите, создавајќи илузија дека нешто во тоа празно тело сè уште е живо. Го пресоблекуваа други, но таа стоеше тука, обидувајќи се од време на време да помогне пикајќи ја раката со долг нокот на малото прсте во ракавот на кошулата, навирајќи ги чорапите на нозете кои татко ѝ со години ги киснеше во некакви си води и ги виткаше со некои лисја за ноктите да не му растат во месото, и врзувајќи му ја вилицата во која стоеја вештачките заби со шамиче за да не зјапне. Соголеното тело на татко ѝ што веќе пожолтуваше и се ладеше, брзо се скри во нови гаќи и маица, врз кои го навлекоа неговиот најдобар костум, оној кој го носеше на нејзината свадба.
    Мајка ѝ и татко ѝ не правеле свадба, ѝ кажа еднаш баба ѝ. Едноставно избегале. Или, подобро кажано, мајка ѝ избегала со него, а татко ѝ ја однел некаде, го собрал колегите од работа да се потпишат како сведоци и тоа било сè. Така мајка ѝ ја донела одлуката што засекогаш им ги одреди животите. И остана цврсто на таа своја одлука дури и оној еден единствен пат кога таа ѝ кажа дека ја сака. Кога тогаш си замина од дома, мајка ѝ дојде да ја викне да се врати. Лицето ѝ беше модро и потечено, кога со стегната вилица и строг глас едноставно ѝ нареди да се врати дома. Солзите сами ѝ потекоа уште кога ја виде. Никогаш претходно немаше сетено колку боли кога страда некој што ти дал живот. „Зошто плачеш?“ промрморе мајка ѝ низ отечените усни. „Затоа што те сакам.“ го рече таа единственото нешто што можеше да го каже во тој миг. „Разведи се од него.“ ѝ ја рече единствената друга работа што ѝ дојде на ум. „Тоа не е твоја работа.“ студено процеди мајка ѝ низ забите. Во тој миг, за првпат сфати дека можеби животот на нејзините родители навистина не е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+