Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 76 | година XIV | јануари-февруари, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 76јануари-февруари, 2011
Критика

Осум прошетки низ наративните шуми

(Румена Бужаровска: Осмица, Блесок, Скопје, 2010)


/6
стр. 1
Лидија Капушевска-Дракулевска

По извонредното сјајно деби – збирката раскази Чкртки[1] – најновиот ракопис на Румена Бужаровска која ѝ припаѓа на помладата генерација македонски современи раскажувачи, донесува вкупно осум раскази. Оттаму, насловот на книгата – Осмица (преземен од истоимениот расказ во збирката кој се однесува на забот осмица или умникот) – има и симболичко значење: бројот осум упатува, меѓу другото, на централната космичка рамнотежа, што значи дека збирката има своја внатрешна логика и своја цврста архитектоника. Со својата книга, Бужаровска ни нуди осум „прошетки низ наративните шуми“ – да го парафразирам Умберто Еко и неговите „Шест прошетки“, шест Нортонски предавања одржани на Харвардскиот Универзитет во 1992-93 година. Се разбира, шумата е метафора за наративниот текст.
      
    Прошетка бр. 1
    „Откако го објавив романот Фукоовото нишало, – пишува Умберто Еко во споменатите предавања – еден мој другар од детството кого не сум го видел со години, ми напиша: ‘Драг Умберто, не се сеќавам дека сум ти ја раскажал патетичната приказна за чичко ми и тетка ми, но ми се чини дека е некоректно што си ја искористил во твојот роман.’ Имено, во романот раскажувам неколку епизоди поврзани со чичко Карло и тетка Катерина, во приказната, тие му се роднини на главниот лик Јакопо Белбо. Всушност, овие два лика навистина постоеја: но со неколку измени, јас раскажав една приказна од моето детство во врска со еден чичко и една тетка кои имаа други имиња. Му одговорив на мојот пријател дека чичко Карло и тетка Катерина се мои роднини, а не негови и дека имав право да ги споменам, јас дури и не знаев дека тој имал чичко и тетка. Пријателот ми се извини. Тој толку се поистоветил со приказната, така што се убедил дека ги препознава настаните кои им се случиле на чичко му и тетка му – тоа не е неможно затоа што за време на војната (оттогаш потекнуваат моите сеќавања) на многу чичковци и тетки им се случуваа слични нешта.“ (Еко, 2005: 15).
    Нешто слично се случува и при средбата со збирката раскази Осмица: кога се движиме низ „наративната шума“ на нашата Румена, како да сме во нашата приватна градина. Нејзините раскази во толкава мера се натопени со „живиот живот“ (како што велеше Борис Пастернак), без трошка патетика, а ликовите се толку сугестивно профилирани „од крв и месо“,

_____________________________________

1. Чкртки доби исклучително позитивни критики во книжевната јавност кај нас и влезе во најтесниот избор за националната награда „Балканика“ за 2007 година.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+