Блесок бр. 09, јуни-јули, 1999
Проза |
Промена на системот
/3 стр. 1 |
Таман стокмив години на старост и работен стаж, па појдов во пензија со накривена капа – кога ми откажа системот.
Цел живот бев во некакви непокриени инвестиции и финансиски конструкции, и сега најпосле решив да не влегувам во нови. Пензијата ќе ми достасаше пристојно да не приумрам уште малку со старата, со повремени туристички патувања до Солун, Трст и Софија.
Децата ги бев вработил благодарение на својот боречки статус и тие веќе си беа самостојни, макар што сите живеевме под еден покрив на доградена куќа. И системот за греење ни беше заеднички, во мојот односно стариот дел од подрумот.
Во меѓувреме, токму кога поминавме од еднопартиски во повеќепартиски систем, мојот застарен систем за греење откажа, што значи дека нашиот заеднички систем за греење ни ги скрати своите досегашни услуги. А бидејќи зимата не беше само на прагот туку и в куќи, јас ги повикав моите плуралистички деца да направиме некаква коалиција против студот, па макар и непринципиелна, само да е ефикасна.
Со ова сакам да нагласам дека не ни откажал општествениот систем, ами само домашниот. Инаку, градот продолжува да се загрева со сите можни горива, полнејќи ја својата капа од воздух со сите познати чадови. Само оние што беа на струја можеа да подмижуваат, не толку од туѓите чадови колку од сопствениот слаб напон.
Децата дојдоа на договорениот состанок, но секој со свој експерт од својата партија. Бидејќи беа спротиставени еден со друг, не можев да ги седнам на обична кујнска ќошлеста маса, туку тркалезната во гостинската соба ја издолжив до јајца на око. Така се наредивме како генералнијот секретаријат на ООН, со тоа што жена ми, без ќерките и снаите – заради обезбедување на објективност, ни послужи само со по едно кафе и кисела вода.
На договорениот состанок се воспостави дека сите имаат различни ставови. Едни изнесоа дека недостатокот на системот треба да се бара во оџакот други дека пропустот му е во котелот, трети во поставката на цевките, четврти во бројот на ребрата, а последните во самиот проект. Додека сите ги предимензионираа своите проекции, односно ги зголемуваа своите видувања, јас водев скратен записник за внатрешна употреба, ладејќи го ровитиот задник на мртвиот радијатор.
Никогаш не поставувајте индивидуално греење, тоа ви е моето искуство. Кога и да е, тоа ќе падне на една индивидуа – а тоа е вашата глава. Народот дури рекол дека не треба да се прди во иста тиква, а тоа веројатно го памети од времето кога старите Словени не само што дишеле
![]() |
Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.
Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 74 75 76 77-79 80-81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101-102 103-104 105 106 107 108-109 110 111 112 113 114-115 116 117 118