Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 77-79 | година XIV | март-август, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 77-79март-август, 2011
Поезија

Лице в лице

Превод од српски: Калина Б. Исаковска


/8
стр. 1
Ана Ристовиќ

Неупотребливи дарови
За корисноста на музиката
Снег во чевлите
Убави мртви мориња
Лајбниц
Лице в лице
Мишима
Пролетни занаети

_______________________________________________________________________

Неупотребливи дарови

Во време на најава за војна допатува
белгиски пријател:
неговиот брод, со денови колебајќи се
солените дланки го пропуштаa ко неплоден јачмен.

Со него стигнаа и неупотребливи дарови:
градинарски ножици за непостојната градина,
скијачко одело за непостојниот скијач,
планинарски ранец за непостојните патувања,
мапа на фландриски град,
како пајажина под стакло
за празен ѕид кој го нема.

И тенки, турски чибуци од ружино дрво
кои сам ги изделкал, толку долги
што пушачите во малата соба се судираа
вкрстувајќи ги ко запалени копја.

„Предвидени се за поголеми растојанија –
добра би била пространа тераса, салон
или пикник во поле.
И чадот треба да се испушта полека, зашто ова е дрво
кое го впива: негувајќи ситни ларви
што со чад се хранат.“

Рече
дур големиот чибук му стрчеше
низ пустиничката брада и коса
како клун на пупунец кој го пребарува
непостојното гнездо во воздухот.

Во времето на најави, и неговите дарови
најавувачи на поинакви употреби:

Нужните растојанија, зашто сè помалку беа
оние меѓу кои би можело да се провлече;

Запалените стебла, презаситени од чад
што растат на непостојната земја;

Отсутните примачи.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+