Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 77-79 | година XIV | март-август, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 77-79март-август, 2011
Есеи

Пушачи

/9
стр. 1
Амир Ор

    Собата е полна луѓе, но никој не зборува. Тоа не е место за собир, туку повеќе е јавен тоалет. Завршуваш работа и си одиш. Сите тие пушат, во тишина. Вентилацијата е прилично лоша, воздухот е замаглен и смрдлив. Аеродром Бен Гурион, Хитроу, Франкфурт: мала колонија лепрозни во аголот, ќош за џанкерите, за грешниците.
    Во 1993 година ми беше доделена Фулбрајтова награда, престој во Меѓународната програма за пишување во Ајова Сити, САД. Тогаш првпат сфатив, како пушач, кој навистина сум јас во очите на Бога. Америка, богобојазлива земја, беше првата која ја усвои новата заповед, и уште од почетокот на деведесеттите на активните пушачи таму беа протерани речиси од секаде: универзитетските кампуси, кафеата, рестораните и журките.
    Бидејќи нема планини кои би им го попречиле патот, арктичките ветрови победнички дуваат низ градските улици без пешаци. Па сепак, на температури соодветни за пингвини, тук-таму можеш да забележиш дека одредени индивидуи стојат надвор, пушат и се тресат, полека претворајќи се во бел прав. Но, се разбира, така им треба, да се надвор на улица заедно со бездомниците и уличните мачки, казнети, на лице место, за нивниот порок.
    Меѓуградските летови во Америка ги ставаат пушачите на уште потежок испит. По неколку часа во запечатената железна летачка кутија, додека чекав на следниот лет, попусто го барав ќошот на лепрозните; открив само дека аеродромот е ослободен од никотин. Секако, имаше многу барови за алкохоличарите, простории за лица со посебни потреби, излудувачки екрани за ТВ џанкерите, Мекдоналдс за предебелите и булимичните, и бескрајни продавници за добрите американски потрошувачи. Па зошто, се прашав, пушачите се единствените жртвени јарци кои треба да ги понесат гревовите на американскиот свет? Можниот одговор почна да ми се открива дури откако ја научив дванаесеттата заповед која им беше дадена на верниците во отприлика истите години, односно „Биди ПК (PC, политички коректен) со својата душа и јазик“.
    Немаше ниски или дебели луѓе. Исчезнаа. Немаше повеќе глупаци или криминалци. Некои беа ставени на хоризонтален, вертикален или етички испит, но со тоа може да се живее, нели? Сепак, ПК беше повеќе од обично лицемерство. Не беше само Политичка. Тоа беше и „Коректност“: посебна единица на моралната полиција, чии агенти се одамна присутни кај секоја индивидуа, надгледувајќи и управувајќи ја кон добриот живот исполнет со протестантски обврски, создавајќи допирливи материјални докази дека е благословена со божествена милост. „Мрзеливоста е работилницата на ѓаволот“, затоа стани, напорно работи, земи и прекувремени саати, јади ја вечерата соочен со телевизорот, и легни да спиеш. „Во здраво






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+