Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 77-79 | година XIV | март-август, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 77-79март-август, 2011
Критика

Одлично, ветувачко отворање

(Сибила Петлевски: Време на лаги)


/3
стр. 1
Страхимир Приморац

„Двајцата бевме фасцинирани со животната приказна на Виктор Тауск и одлучивме да ја истражиме, секој на свој начин“, вели раскажувачот некаде на почетокот од романот Време на лаги од Сибила Петлевски, првиот од трилогијата романи (следните ќе бидат: Ни беше толку убаво! и Состојба на самрак) за „некрографијата“, заедно насловени Табу. Другиот кој е фасциниран во наведената реченица е хрватскиот писател Твртко, карактер кој, се разбира, му припаѓа на светот на романсиерската реалност, значи на светот на фикцијата, и кој, според приложениот „Попис на вистинити, измислени и домислени ликови“ на крајот од книгата, е „домислен лик“: „Твртко од Време на лаги е лик составен од елементи на биографиите и сведоштвата за еден Твртко (Т. Зане) и еден Владо (В. Готовац)“. Имено, во својата книжевна форма, авторката вешто и функционално вградува документарен материјал – одредени изјави на Бранимир Донат (псевдонимот на граѓанинот Твртко Зане) за неговото затвореничко искуство раскажано во едно интервју, како и делови од обвинението против Владо Готовац во 1972 година.
    На едно друго место во романот, раскажувачот, чија позиција главно соодветствува со онаа на авторот, ја истакнува разликата во нивниот обид да одговорат на прашањето „Кој бил вистинскиот Виктор Тауск?“: додека Твртко се интересира за неговиот живот („За што живеел тој човек?“), раскажувачот е заинтересиран за неговата смрт („Зошто? Зошто токму така?“; Тауск, имено, го завршил животот извршувајќи необично „двојно“ самоубиство – застрелувајќи се в глава и бесејќи се. Токму затоа авторката говори за „некрографија“ а не за биографија). Расчекорот помеѓу тие два интереси ги одредува текот и логиката на нивните истражувања. Љубопитниот Твртко/Донат – кој отсекогаш имал склоност на видело да ги вади неправедно заборавените или запоставените создатели – прави напор – одбележувајќи ја 150-тата годишнина од раѓањето на Сигмунд Фројд (во 2006 г.) – од длабоките сенки го вади правникот и лекар, психоаналитичарот Виктор Тауск (1879-1919) – еден од најталентираните студенти и протежеи на „таткото на психоанализата“ – човек кој преку младоста, образованието и работата бил поврзан со овие делови на Европа. Во својот текст “Viktor Tausk, Sigmund Freud i hrvatska moderna okupljena oko zagrebačko-bečkoga časopisa Mladost” („Виктор Тауск, Сигмунд Фројд и хрватската модерна собрана околу загрепско-виенското списание Младост“ – од книгата Središte na rubu (Средиште на работ) – Донат ги пренесува основните биографски податоци за Тауск и го потенцира Фројдовскиот контекст преку кој станал познат во Виена, каде што работел како психијатар и психоаналитичар. Како и да е, Донатовата суштинска намера е да обрне внимание






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+