Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 80-81 | година XIV | септември-декември, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 80-81септември-декември, 2011
Поезија

Небесен пансион

Превод од босански: Игор Исаковски
Од „Небесен пансион“, Блесок, 2011.
Преводот е поддржан од преведувачката мрежа ТРАДУКИ.


/8
стр. 1
Миле Стоиќ

Канцона и сиртаки
Братство и сестринство
Девојките на мојата младост
Расцутело Јудиното дрво во дворот
Мојата кафеана
Во Белград, десет години после војната
Небесен пансион
Малини

_______________________________________________________________________

Канцона и сиртаки

Во Пенцинг покрај Виена наминав во грчкиот ресторан Тесалоники
Сопственикот беше сараевски Србин, и кога се открив, не недостасуваа мезиња
Куќата честеше со сливова, домашна и травничко сирење
Се остана длабоко во ноќта, сè додека случајните гости не ги споија масите
а звукот на сиртаки не го замени севдалинка од со тутун уништените грла
зелено лисје гора кити

Тоа ме потсети на слична вечер во Гринсхајм покрај Минхен
пред две три години, кога бев случаен гостин во пицеријата
Каза Леоне, чиј сопственик беше посавски Хрват. Персоналот на ресторанот
беше, исто така, составено од Хрвати, босански бегалци
Освен готвачот Италијанец, кој служеше за лажно легитимирање на
медитеранските специјалитети. Во доцна ноќ
жената на сопственикот го исклучи Модуњо и ја почна
Омер бег, извивајќи го своето тело во ритам на стомачен танц

Во тоа време, а и денес, во Босна трае bellum omniem in omnes
со концентрациони логори и масовни депортации.
Војна на келнери против келнери, помислив
На тие клети свињи кои во вјеки вјеков ќе го носат својот крст

Бесмислено гинејќи за таа непотребна земја
па потоа засекогаш напуштајќи ја, за во европските селендри да отвораат
„грчки“ и „италијански“ ресторани и во нив во ситни саати да ги пеат
своите ориентални тажникави напеви


Ова е извадок од:
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+