Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 80-81 | година XIV | септември-декември, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 80-81септември-декември, 2011
Есеи

Драга Ана

/4
стр. 1
Дарија Жилиќ

Драга Ана,

Со радост ти јавувам дека стигна „Мегафон“. Вчера, цело попладне ја пречитував книгата публикацијата, уживајќи најмногу во тоа што во таа книга есеи за состојбата на поетесите во општеството се опфатени и есеи на хрватските поетеси. Се присетив и на почетокот на нашата соработка пред три години. Ги наговорував тогаш нашите авторки да напишат есеј и им најавив дека тие текстови ќе ги објавиме во списанието Тема, а потоа ќе ти ги проследиме тебе, зашто ти се потребни за истражувањето. Се сеќавам колку беше макотрпно да ги наговарам авторките, но сепак успеав да соберам дваесетина текстови кои потоа ги објавивме во тематот Поетеси. Подоцна ти ги испратив тебе и после речиси и заборавив на сето тоа. По некое време ми јави дека се погдотвува книга, се избираат и преведуваат тие текстови. Уредничките Јулијана Шпар и Стефани Јанг одбраа и есеи од хрватските авторки кои, освен Весна Бига не се во книжевните антологии. Тие ги избраа есеите кои им се чинеа најинтересни. Тоа подоцна беше тешко да се оправда. Тогаш имаше многу прашања: Зошто баш тие авторки, кој одлучил така итн.? Но, тоа сега е небитно. Во рака ми е „Мегафон“. Нетрпеливо ја листам книгата, барам објаснување зошто книгата се вика баш така. И ете, веќе пронајдов. Поетите на Мегафон – Poetas de Megafono (Poets of the Megaphone) е група на феминистички поетеси која делува на рабовите на книжевниот живот во Мексико Сити. Таа група на авторки се состанува во едно кафе каде што читаат поезија низ мегафон. Мегафонот обично го поврзуваме со јавни протести, но која е смислата за читање на поезија на таков начин? Објаснувањето е дека во општествениот простор жените не се видливи и нивниот глас не се слуша, така што овој облик на читање е обид на поетесите да бидат „чуени“, да заземат простор и да го одбележат со својата уметност. Поезијата говорена низ мегафон одѕвонува како повик, ги прераснува очекуваните рамки на финото рецитирање, се изедначува со протесните говори на обесправените работници… Поезија како еманципација или е тоа само утопистичко впишување? Неодамна од Германија ми пристигна книгата „Заборавена иднина: Политиката на поезијата во Босна и Херцеговина“. Ја напишал младиот босанско-херцеговски теоретичар Дамир Арсениевиќ на англиски јазик. Неговата основна теза се однесува на реполитизацискиот потенцијал на поезијата која, како што истакнува, „дава глас и воспоставува врска помеѓу алтернативните модели на субјективизација (феминистички, геј, квир) и новите, меѓусебно воспоставени солидарности, истовремено спротивставувајќи се на нивното исклучување“. Арсениевиќ






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+