Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 80-81 | година XIV | септември-декември, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 80-81септември-декември, 2011
Критика

“Scorpius balcanicus”, или како да се чита македонската поезија

(Предговор кон „Шест македонски поети“, ARC PUBLICATIONS, Велика Британија, 2011)


/8
стр. 1
Ана Мартиноска

Пред речиси седум години, за време на мојот студиски престој на Универзитетот Оксфорд како дел од нивната програма за летно гостопримство, ја имав мојата прва средба со назначениот ментор за време на ручек во неговиот колеџ. На почетокот ми беше прилично непријатно што заедно со останатите професори ручавме на маси сместени повисоко во просторијата, додека студентите јадеа неколку скалила пониско. Уште додека бевме на предјадењето, непријатноста почна да се зголемува кога реномираниот професор по литература започна да ме бомбардира со безбројни прашања. Имајќи го моето потекло в предвид, започна најпрвин со политичка анализа на Тито и распаѓањето на поранешна Југославија, за набрзо да се префрли на поезија, очигледно неговата омилена тема. И самиот поет, посебно беше заинтересиран за македонската поезија. Тоа ме исправи пред две дилеми: што да му се каже на некој кој е, помалку или повеќе, неинформиран за една, нему далечна земја и нејзината литература, а притоа ем да се укаже на специфичноста на македонската поезија низ вековите, ем со тоа да се заинтригира соговорникот, а од друга страна како да се илустрираат ставовите во недостаток на достапни преводни изданија.
    Речиси истата дилема ја имав и при пишувањето на овој предговор, па затоа она што ќе го споделам овде со вас е приближно истото што му го кажав и на мојот Оксфордски професор. Се надевам дека овој кус предговор ќе понуди подобро разбирање на македонската поезија во сета нејзина комплексност, независно од претходните познавања на општествено-политичкиот и културниот контекст во кој е создавана. Секако, оваа значајна книга, која содржи некои од најдобрите примери на македонската современа поезија, ја сметам за голема предност која ја немав тогаш, поради што морам да им упатам честитки на Arc Publications. Понудата на двојазично издание што ќе ја претстави пред британската и меѓународната јавност поезијата на една мала балканска земја како Македонија, како дел од новите гласови од Европа, го сметаме за храбар и смел чекор, кој сведочи за широчината и отвореноста на издавачите кон разновидноста, посебноста и мултикултурализмот. За нас, тоа го докажува неизбежниот факт дека не постојат нации или литератури кои се мали, незначителни или културно помалку моќни од другите, како и дека секоја посебна култура (вклучувајќи ја и поезијата) треба да биде презентирана пред пошироката публика без двоумење или страв од маргинализација. Во продолжение нашата благодарност оди кон извонредниот промотор на македонската литература Игор Исаковски, човекот кој е spiritus movens на културната установа „Блесок“ и истоименото електронско литературно списание, а


Ова е извадок од:
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+