Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 80-81 | година XIV | септември-декември, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 80-81септември-декември, 2011
Критика

Женскиот Едип или влијанието на формирањето на женската сексуалност

Во сценаријата на филмовите „Црниот лебед“ на Дарен Аронофски (2010) и „Пијанистката“ на Михаел Ханеке (2001)


/3
стр. 1
Елена Конеска

    Пред речиси пет години пишував осврт кон романот „Пијанистката“ на Елфриде Јелинек задржувајќи се на автобиографските елементи и посебно на доминантната позиција на мајката на Ерика во истоимениот роман. Неколку години претходно, во 2001-та, австрискиот режисер Михаел Ханеке го инсценира на филмското платно текстот на Јелинек кој, меѓу другото, предизвика слични контроверзии како и нејзиниот роман.
    Девет години подоцна, Дарен Аронофски во Њујорк сместува една друга приказна која на прв поглед обeдинува два нови момента: теоријата на „Црниот лебед“ на Насим Николас Талеб и Doppelgänger[1] или народното верување за постоење на двојник, удвојување на личноста во психолошка смисла.
    Токму овие моменти како основа на сценариото на „Црниот лебед“ се добра тема за некое ново елаборирање, но овој пат сакам само да се задржам на истата тема за која пишував и кај „Пијанистката“, а која неминовно ми се наметна гледајќи го „Црниот лебед“, па овој пат ќе се обидам на направам паралела помеѓу носечките ликови во двата филма и нивната психофизичка поврзаност со мајката. Приказната и во двата филма започнува во домот. Идеална средина за развивање емотивна врска помеѓу мајката и ќерката. И во двата случаи во семејството недостига таткото за да се воспостават нормално прифатените семејни односи. Ќерката не успева да го оствари преминот од мајката кон таткото, инициран од Едиповиот комплекс според Фројд, така што понатаму е оневозможено да ја развие и нормалната потреба за врска со партнер од спротивниот пол. Врската помеѓу мајката и ќерката ги преминува очекуваните граници, станува сè посилна, така што и двете се обидуваат да го надоместат отсуството на таткото со невообичаената блискост една со друга. Од една страна, ќерката претставува центар околу кој гравитираат сите неостварени амбиции, желби и идеали на мајката, а неретко и супституција на партнерот кој не постои. Оваа преголема блискост доведува до абнормалност во развојот на ќерката, особено при психичкото и физичкото созревање и прифаќање на сопствената телесност. Границата на интимност е избришана со целосното бришење на приватниот простор во домот.
    

    Но да започнеме од почеток. Ерика во „Пијанистката“ и Нина во „Црниот лебед“ се во потрага по сетилната природа на сопственото постоење која е задушена или неразвиена поради неможноста да се ослободат од доминантноста на мајката. И двете се врвни уметници со забележителни кариери безусловно поддржани од своите мајки кои го следат секој нивни чекор, го слават секој нивни успех, сочувствуваат со секој нивни пораз.
    Оваа силна желба да се добие најдоброто од својата ќерка потекнува од примарната, неостварена желба на мајката

_____________________________________

1. герм. Допирлив двојник на некое лице во литературата, митологијата, фолклорот кој обично го претставува второто „јас“.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+