Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 80-81 | година XIV | септември-декември, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 80-81септември-декември, 2011
Звук Осврти

Кон првиот „албум“ на Старовски и нивното видување на македонската поезија

/2
стр. 1
Елизабета Баковска

    Зборот албум во насловот на ова размислување за она што Старовски го создаваат не е случајно ставен во наводници. Се двоумев (и сè уште се двоумам) како да го именувам делото што тие го создаваат кога решаваат да ја опеат македонската поезија, или поточно, да ја опеат љубовта во македонската поезија, или, уште поточно, да ја опеат својата љубов кон љубовта во македонската поезија. Така, наместо „албум“ лесно можам да кажам и „музичка поетска читанка“ или „музичко прочитување на македонската поезија“ и верувам дека нема да згрешам, затоа што она што Старовски го работи е сето тоа, по малку или по повеќе.
    Двоумењето во самото насловување, или именување на ова дело неминовно ја навестува и неговата комплексна природа, комотно затскриена зад едноставноста на музичката подлога. Вокалите на Верица Андреевска Спасовиќ и Верица Недеска Трајкова ги придружуваат армониката на Јордан Костов, утот, тамбурата и ќемането на Дејан Спасовиќ и перкусиите на Круме Стефановски, и… толку. Минималистички, скоро кабаретски (како, на пример, во „Умилкување“) во нумерите понекогаш се заслушнуваат само два-три инструмента, додека женските вокали еден до друг, или еден зад друг, ја тераат песната. Велам ја тераат, оти тие ниту пеат (во онаа класична смисла на зборот), ниту рецитираат (во онаа уште покласична смисла на зборот), туку едноставно – ја опејуваат поезијата. Старовски нема намера да компонира музика на познати (и помалку познати) стихови (зашто така поезијата се става во рамките на еден шаблонизиран концепт на поп-култура и неправедно се инструментализира). Тие немаат ни намера да рецитираат познати (и помалку познати) стихови врз музичка подлога (зашто така поезијата се банализира до блуткавост од типот на „Не дај се Инес“). Старовски едноставно го воспева она што за нив е најубавото и највпечатливото од македонската поезија – љубовта, и така воспевајќи го нè потсетува дека поетскиот збор е жив збор, збор кој комуницира и со читателот и со слушателот, но и со оној кој го кажува и пее.
    Старовски во таа комуникација со поетскиот збор влегува непретенциозно, без своја предумислена позиција за тоа како тој поетски збор треба да се чита, без надмена увереност дека еве тие се оние кои умеат вистински да го интерпретираат. Тие едноставно оставаат зборот да ги носи. „Јас сум лотка, осудена / на судир со непознатото.“, вели Ацо Шопов во песната „Кон галебот што кружи над мојата глава“ што е дел од овој избор поезија. Слушателот останува изненаден од судирот со (непознатите) емоции(те) кои стиховите го предизвикуваат со гласовите или






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+