Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 80-81 | година XIV | септември-декември, 2011



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 80-81септември-декември, 2011
Галерија Осврти

SEAFair '11

енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија


/4
стр. 1
Мелентие Пандиловски

Изложба, Симпозиум, Работилница
    Музеј на современата уметност, 01-20 ноември 2011
    Куратори: Мелентие Пандиловски, Елена Велјановска, Зоран Петровски
    Проектот „SEAFair '11 - енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија“ е организиран од страна на Музејот на современата уметност, SEECAN (Мрежа за современа уметност на Југоисточна Европа) и Kontejner, Загреб.

    Актуелните настани во областа на биополитиката непосредно се однесуваат на големите општествени промени низ кои поминуваме како општество и поединци. SEAFair 2011 ги контекстуализира уметничките и теориските дискурси кои се развиваат околу биополитиката, со цел повторно оценување на значењето на овој поим денес, како и разгледувањето на можностите за отпор наспроти доминантните меѓународни дискурси преку еманципација и културна субверзија. Уметниците и критичарите ги разгледуваат физичките и биолошките системи кои се во интеракција едни со други и се осврнуваат кон прашањата кои ги вклучуваат различните извори и облици на енергија (природни и вештачки), ентропија; причините за, и последиците од, глобалните промени во животната средина; одржувањето на животната средина; макро и микро екологијата, изборот на материјалите за гориво; алтернативните извори на енергија; нуклеарната енергија; актуелните теми во апликациите на микробиологијата во биотехнологијата; и генетски модифицираната храна.
    Способноста да се кодира животот во симболи, како и да се биде во можност да се протолкуваат овие симболи, ги менува идеите за тоа што подразбираме како живот.
    

    Денес „кодираниот живот“, поставен во глобалните комуникациски мрежи, секако овозможува атрибуирање на квалитативно различен сет на значења кон животот воопшто, како и кон концептите на управување со животот. Се чини дека поврзаните ИТ со биотехнологиите се способни за промена на суштината на глобалните релации, со пролиферацијата на меѓународните политики за интелектуалната сопственост, како и со постојаниот развој на геномските бази на податоци. Се појавуваат бројни онтолошки прашања во врска со природата на биотехнологијата. Во феноменолошки манир може да заклучиме дека биотехнологијата го структурира општеството, но исто така, дека општеството ја формира биотехнологија. Карактеристиките на овие интерактивни процеси се всадени во општиот modus operandi во однос на стандардните процеси и практики во биотехнологијата, како и во прифатените начини на размислување за биотехнологијата. Хајдегеровиот концепт на Gestell (врамување)

денес може да се дешифрира со помош на тројството на Јуџин Такер како „кодирање, рекодирање, декодирање“, кои ги претставуваат примарните активности на биотехнологијата денес, бидејќи ширењето на биолошкото преку информациските мрежи по барање или по потреба, создава нова ситуација за која стануваме свесни преку дигиталната перцепција, како дигитално спакуван производ. „Симултаното значење на биолошкиот материјал како својство и информација, има карактеристики на материјалност и нематеријалност, егзистирајќи како






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+