Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 82 | година XV | јануари-февруари, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 82јануари-февруари, 2012
Поезија

Уа за возрасните

Превод од англиски: Елизабета Баковска


/4
стр. 1
Хал Сировиц

Уа за возрасните
Требаше да слушаш
Гужва пред голот
Проблемот на зближувањето

_______________________________________________________________________

Уа за возрасните

Мајка ми беше на забава на Топ-шоп
и се врати со сад со вакуум.

Мене не ме поканија. Мама рече
не е за деца. Можев да се облечам

како голем и да се преправам
дека сум голем со некој бош муабет

кога ќе треба нешто да кажам.
Возрасните беа постари ама не и

поумни. Химна ми беше „Нема да пораснам“
на Петар Пан. Си ја мрморев под мустаќ

кога другите деца ја пееја
химната. Ако најдобрите играчки

за големите се од Топ-шоп,
тогаш барав општество во кое

ги почитуваат и суштинските човекови
права на децата, како во Шведска кај што

е незаконски да плеснеш дете. Ќе морав
да побарам азил, ама тогаш ќе морав

да научам шведски за да живеам таму.
А и англискиов баш не ми оди.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+