Блесок бр. 82, јануари-февруари, 2012
Поезија |
Надживување
Од „Надживување / Surviving“, Блесок, 2012.
/9 стр. 1 |
To Be or Not To Be
Волкот на врата
Сказна за Змејот и Ќелешот
Второ пришествие?
Ѓаволот ни ора ни копа
Човек во себе згрчен
Утија
Зимска сказна
Петлите што рано пеат – ги колат
_______________________________________________________________________
To Be or Not To Be
’…злосторството на постоењето…‘
Жак Лакан[1]
Зошто сè уште се таи семето?
Зошто не никна ни пролетва?
Мртво ли е, или уште не му дошло времето
за да про’рти и процвета?
Не-дај-боже да порасне во злодоба –
освен ако не мора под чкрапец на ’ркулецот
за да не се осуши или скамени –
тогаш барем може да посведочи
пред да го стават во ќесичка
за сечија сезонска употреба
па да го засадат во леи построени
за да го кастрат за украси пригодни…
Дали децата ги сонуваат цвеќињата
на кои уште не им ги знаат имињата,
како што можеби и Адам нив ги сонувал
пред дури да ги видел и именувал?
Или тоа само ни доаѓа на сон
како што некогаш било во Рајот
пред да се разбудиме
и да засуштествуваме во Падот?
Суштествуваме или не –
суштината е зар негде другаде?
Изборот е нечиј друг, на генот?
Наше е да се совпаднеме со сонот.
![]() |
1. „Хамлет, пак (наспроти Едип), уште од почеток е виновен што е. Нему му е неподносливо да биде. Проблемот, злосторството на постоењето, му се наметнува со неговите зборови, to be or not to be, што неотповикливо го внесува во битието...” Jacques Lacan, Канаба
Ова е извадок од:
• еКнига
• Печатена книга
Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.
Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 74 75 76 77-79 80-81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101-102 103-104 105 106 107 108-109 110 111 112 113 114-115 116 117 118