Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 82 | година XV | јануари-февруари, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 82јануари-февруари, 2012
Проза

Станицата Пјерфит

Извадок од романот „Мојот Антонио Диаволо“, Блесок, 2010.


/11
стр. 1
Сибила Петлевски

Плочата со натпис Пјерфит ѝ даваше на напуштената железничка станица дополнителна драж. Шините обраснати во трева, добро сочуваната зграда и празниот перон, кој се чинеше тукушто напуштен, мамеше на чекање. Сетете се само на оние ретки и токму затоа скапоцени мигови апсолутна ведрина кога ни самите не сте знаеле да објасните од каде ве пресретнало тоа боговско чувство! За разлика од среќата за која секогаш мора да постои некој добар повод, ведрината е чувство кое се храни со откршоци од баналноста, со најнеочекувани ситници кои, ете, како натписот Пјерфит, кој мене како странец на прв поглед ми се допадна, способни да повлечат некој чкрапец во нашето битие и да произведат еднократна емоција, да распрснат радост како од детски пиштол на вода. А после, кога би можеле да ги издвоиме разните детали, „причинителите“ за ланските радости и сите да ги наредиме еден до друг – каков би бил тоа музеј на непотребни старини, бедни огризоци на стварноста која некогаш била, признаваме, толку едра! Сончев ден, невообичаено топол за декември.
    „Погледни ги боровите“, ми обрнува внимание Ани.
    Гледам. И гледам само борови. „И?“ прашувам. „Што е работата?“ Ми покажува со прстот кон врвовите на дрвјата: „Ма горе, она сосем горе, гледаш сега? Како некое животно.“
    „Ѕверка не е“, велам. „Не е ни птица.“
    „А што е тогаш?“ инсистира Ани. „Не е белки ветроказ!?“
    Не одговорив. Беше очигледно дека врвот на секое дрво е изглодан на ист начин. Да не е клукајдрвец? се прашав. Веќе и самата помисла дека причина за необичната појава може да биде внатрешна, дека би требало да ѝ се припише на некоја болештина која ги нагризува боровите одозгора надолу, во миг се закани да ѝ го измолкне ослонот на светоста на ведрината која, тоа рано попладне, само некој миг порано, целиот ме обземаше. Погледнав на саатот и реков:
    „Уште малку па три.“
    Како да не ме чула, Ани веќе го насочи вниманието кон нов предмет на интересирање. Во таа млада жена имаше нешто детско, што отпрвин ме привлекуваше. Со тек на време сфатив дека трпеливо и со полна свест го негува тоа „нешто детско“ во себе, го обликуваше како ноктите или веѓите, во грациозна стилизација. Таа забелешка еднаш ја изнесов пред Жан-Марк. Се сложи. Нели е необично што нејзиниот маж низ годините ми стана поблизок од самата Ани? Обајцата се плашевме дека мимиката на девојчето, кокетноста на нејзиното лутење, доколку ја задржи во староста, би можела да прерасне во гротескна маска. За среќа, тој момент беше


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+