Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 01 | година I | март, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 01март, 1998
Есеи

За Македонија

/7
стр. 1
Ферид Мухиќ

Очигледно големата адхезивна енергија, неопходна за таква титанска задача, каква што е одржувањето на трите дела на светот заедно, е во најблиско сродство со самиот Македон, кому магнетската моќ му била и уште колку потребна.
    Меѓутоа, и Азија го има својот херој на зближување, и, што е крајно необично, го именува со истото име – Македон. Овојпат, Македон е кралски син. Неговиот татко е Ликаеон, справедлив и умен крал, миленик на боговите. Владеел со Аркадија, најтивкото и најидилично кралство на сите времиња. Со овие два детала се упатува на неопходните одлики на оној што ќе треба да го обедини светот: да биде умен и одмерен, а неговата душа се оформува во смиреност и благост на аркадиската хармонија. И во овој мит, Македон го добил своето кралство во подрачјето на Македонија, именувана според него.
      
    Апсолутното црнило на празното Ништо, пред создавањето на Космосот, е исполнето тука, на оваа слика, не со делото, не со резултатот, туку со концептот. Ете што in concreto, она што е креативната шифра на создавањето и што е, едновремено, кодексот и канонот, упатството и советот за опстанокот и развитокот на универзумот.    Сè може да биде создадено од Тоа – но, само Тоа е аксиомот кој, за своето создавање нема ништо друго, освен себеси. Ако нашето тело, ако кое и да е тело е реализација на идејата вградена во душата на вселената, ова чудесна градба е реализација и соматизација на самата таа душа!
    Слушнете го она што таа му го соопштува на светот! Што мислеле мудреците кога ја истакнувале тричленоста, тријадичноста на создавањето?! Што ако не дека сето она што Е, е составено од внатрешно двојство, од универзалниот интеграл – биномот! – и дека светот е раздвоен затоа што во спојувањето ја остварува својата највисока способност – творештвото во новото, перпетуирање на блескавиот Прв Револт против празното, црното Ништо. Емпедокле, уште еден од оние што ја имале среќата да бидат родени во близина на „Спојот на световите“, разбрал дека коренот на светот е во раздвојувањето на она што изворно било Едно. Само така, барајќи се, совладувајќи го безмерниот копнеж по оној Другиот, Космосот може да ги наведе своите креативни капацитети да создаваат нови и нови содржини на вредности и убавина. Што е Љубовта, се прашува Емпедокле, ако не силата со која се стремиме по Другиот и со која Другиот нè има нас за услов на сопственото постоење?!
    Зар истиот тој величествен мудрец не го илустрира тоа со сопствената






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+