Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 09 | година II | јуни-јули, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 09јуни-јули, 1999
Есеи

Неандерталско свирче

/3
стр. 1
Растко Мочник

    Додека Идеолозите повторно проповедаат дека Историјата заврши, повторниот поглед кон нејзините почетоци би можел да се покаже корисен.
    Свирчето што беше пронајдено кај праисторискиот (екскавација) локалитет близу до Идрија не го привлече вниманието што вистински го заслужува. Ако тоа навистина е свирче и ако навистина му припаѓало на Неандeрталец, ова откритие поседува метафизички димензии. Ова се разбира зависи од тоа која Метафизика ќе се одлучиме да ја употребиме. После Диркем стана познато дека преку тотемизмот, религијата и метафизиката ние всушност сакаме да ги уредиме нашите општествени функции, па затоа никој не би требало да бара вистина и лага во метафизичките расправи. Наместо тоа, нашето внимание би требало да се фокусира на нивните практични ефекти. Ако не ги произведеме, другите ќе ги испробаат врз нас.
    „Крајот на историјата“ на Фукујама цврсто се заснова на духот на јавноста во неговата сегашна состојба на нео-либерална окупација. Дерида го демаскираше како задоцнет следбеник на Александар Кожев, како последица на тоа што се знае дека Кожев работел на високи позиции во Европската интеграција во својата доцна возраст, додека во младоста се декларирал како конзервативен – десно ориентиран марксист. Во тоа време тој исто така верувал дека Хегел може да се коригира во само една насока: Хегел мислел дека го видел духот на светот (светскиот дух) како јава на коњ во ликот на Наполеон, додека Кожев инсистирал дека тоа всушност бил Јосиф Сталин. Подоцна Фукујама бил убеден дека Крајот на Светот всушност се случил во Јапонија. Ова всушност доста добро соодветствува едно со друго: во денешно време сталинизмот доста добро може да се набљудува на CNN секој ден, додека јапонизацијата се открива себе си како напредната фаза во развојот на капитализмот – се разбира, со забелешката дека расните разлики сè уште успешно ги маскираат маневрите на класната борба. Додека Идеолозите повторно проповедаат дека Историјата заврши, повторниот поглед кон нејзините почетоци би можел да се покаже корисен.
    Би можеле да ја превземеме метафизичката основица од Жорж Батај, колега на Кожев и негативен хегелијанец. Него исто така го привлекуваше Неандeрталецот – тој сакаше да открие зошто бил потиснат од Кромањонецот. Така, на дарвинистички начин, тој се запрашал кои биле предностите што ги поседувал Кромањонецот. Неандерталецот го познавал огнот и бил „тоол-макинг анимал“ („животно кое што прави орадија“, прим. прев) како Човекот. Неандeрталците ги закопувале своите мртви и го познавале симболичкиот регистар – повторно никаква предност на Човекот. За Батај, едното оди со другото: секој кој работи доаѓа во допир со смртта,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+