Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 82 | година XV | јануари-февруари, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 82јануари-февруари, 2012
Есеи

Што со уметноста на Балканот по конфликтот?

Потребата од нова естетика


/3
стр. 1
Ана Јакимска

„mi smo ljudi cigani sudbinom prokleti uvijek netko oko nas dodje pa nam prijeti“
    Branimir "Johnny" Štulić, „Balkan“

Прашлив пат кој поминува покрај ниви и се протега до недоглед: нивите се богати со сочни патлиџани, големи сончогледи, или крупни класови жито. Сонце кое е искачено високо на небото и пече силно и непрестајно небаре сјае над богови, а не смртници. Се слуша жубор на поточе во далечина, или се наѕирнуваат брановите на некое езерце или море како рамномерно удираат во брегот. Одеднаш, на идилата ѝ се спротивставува некое ненадејно насилство: убиство, силување, самоубиство, а понекогаш и комбинација од трите. Повторно, денот е задушен во крв, впрочем, во склад со славните потфати на предците кои „храбро загинале борејќи се за нашата слобода“! Ова, се разбира, е сетингот на секој поуспешен балкански филм. Балканската литература, пак, се сведува на тажаленки: тоа е т.н. естетика на „мајко, копај ми гроб“. Сетингот е селски, назад во славното минато, јунаците беспрекорни во својата храброст и некрофилските литании за смртта, црната земја и вечниот мрак. Ако можеме да речеме дека воопшто некоја литература во XXI век му останала толку посветена на Танатос, тоа би била токму балканската.
    Ваквата слика ја потврдува романтичната етимологија на поимот „Балкан“ за која зборува Марија Тодорова и според која самиот географски назив е спој на турските зборови за мед („бал“) и за крв („кан“). Балканот секогаш е она непознато место недопрено од човечка рака (затоа што заедниците кои живеат таму се уште не се способни да влијаат врз природата); место каде што можете да бидете убиени на поминување, како да сте на Каубојскиот Запад. Интересно е за размислување како географската одредница „Балкан“ постепено премина во културолошка ознака од која отпадна развиената Грција, а во која останаа земјите од Југославија (минус Словенија, која се смета за централно-европска земја), Албанија, Бугарија и Романија.
    Логичниот заклучок од ова е дека она што го сочинува духот на Балканот се постојаниот конфликт, сиромаштијата, насилството, корумпираноста, но во исто време и големото гостопримство и надареноста за песна и танц. Слично како во случајот со Циганите, или како во односот кон Другиот. Ваквата карактеризација на Балканот го одразува неговото воспиемање како егзотика: нешто непознато и неистражено. Конечно, нешто далеку од вистината.
    Сепак, во епоха на глобална комуникација и меѓусебна зависност, возможно ли е кој и да е регион во модерната Европа навистина да остане толку див и нескротен? Дали Белград нема подземна канализација? Дали Далмација нема едно од најурбанизираните и туристички најпривлечни крајбрежја?






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+