Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 82 | година XV | јануари-февруари, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 82јануари-февруари, 2012
Критика

Дијаспорен номадизам

/6
стр. 1
Весна Мојсова-Чепишевска

Романот Аквамарин на Тања Урошевиќ (Скопје: Магор, 2004) е вистински пример од македонската литература кој поттикнува на размисла за суптилниот однос кон словенството и за комплексноста на „словенскиот свет“ во македонската културна средина. Тоа словенство се доживува како категорија која во себе обединува две спротивни тензии: од една страна тоа поттикнува/промовира блискост, сродност, но од друга, се доживува како „другост“. Сликата за словенството во македонската литература има амбивалентен карактер, од една страна , тоа е слика за нешто друго и до извесен степен туѓо, а од друга страна тоа е слика за себе, за својот исток (што значи” извор” на старословенски), за својот корен и за еден значаен, базичен слој на сопствениот идентитет. Од тие причини, сликата за словенството во македонската култура е една комплексна појава, која обединува слика кон надвор и кон внатре, кон другиот и кон себе, слика кон туѓото, но и кон сопственото истовремено. (Соња Стојменска-Елзесер, 2005: 193). Постоењето на големиот број студии како онаа на Марија Тодорова Замислувајќи го Балканот (Скопје: Магор, 2001), како и на Roland Inden (Imagining Indija. – Ohford and Cambridge: Blackwell, 1990) или на Thierry Hentsch (Imagining the Middle East. – Montreal and New York: Black rose, 1992) или на James G. Carrier (Occidentalism: Images of the West. – New York: Oxford University Press, 1995) поттикнуваат обиди на сличен начин да се проговори за комплексноста на „словенскиот свет“. Во тој правец мал прилог во македонската културна средина е книгата Споредбена славистика на Соња Стојменска-Елзесер. Имено, таа истакнува дека општата слика за словенството како да произлегува од сликата за рускиот народ во македонската литература и култура, a во тој контекст e и појавата на неколку книжевни остварувања исполнети со сликата на руските (а донекаде и на украинските) емигранти кај нас[2].
    И тука се крие првичниот поттик да се пишува за него. Но, поттикот е и во фактот дека авторката на Аквамарин, која е големо име на афирмиран преведувач на светски познатите имиња од руската литература во македонската културна средина, сега со својот првенец се открива и како сериозен раскажувач. На животната авантура на рускиот емигрант, авторката ѝ обезбедува убедливост и веродостојност која во голема мера потекнува од нејзиното лично проживеано искуство. Впрочем, нејзиното потекло е руско. Така што, и преку нејзиниот силен ангажман на полето на преведувањето на руските големи книжевни имиња на македонски јазик, и преку нејзиниот сопствен израз, особено и преку нејзиниот избор на приказна, ја потврдува поврзаноста меѓу уметноста и

_____________________________________

2. Поимот субалтерен означува неелитни или потчинети социјални групи, како што во времето на Октомвриската револуција биле белогардејците или приврзаниците на рускиот цар. Види Гајатри Чакраворти Спивак. „Субалтерни студии. Деконструирајќи ја историографијата“ во Постколонијална критика. – Скопје: Темплум, 2003, 45-101.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+