Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 82 | година XV | јануари-февруари, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 82јануари-февруари, 2012
Галерија Осврти

Лекции од животот и уметноста

(Кон изложбата на Илија Пенушлиски на 19.09.2011 во „Око“)


/3
стр. 1
Ана Мартиноска

    Некои од најголемите животни лекции ги научив токму во сликарското ателје на Илија Пенушлиски. И сè уште учам многу додека тој раскажува дебармаалски анегдоти, додека дегустирам од неговите фамозни палачинки, додека ги гледам Богарт и Синатра на неговите ѕидови, додека кибицирам како игра шах, и најмногу од се, додека ѕиркам зад неговите раменици кон штафелајот додека слика. Оттаму знам дека врамувањето на сликите не му е баш омилена активност на сликарот, исто како што и мене ми оди тешко обидот да ги врамам моите мисли кога е неговото сликарство во прашање, бидејќи ионака сликарството секогаш го доживувам повеќе на ниво на емоција отколку на рационален суд за делото пред мене.
    

    Можеби и затоа своевремено побегнав од можноста професионално да се занимавам со толкување на ликовната уметност, а се свртев кон литературата која, како што велеше Ернесто Сабато, можеби се однесува на истата визија на светот, но има сосема поинаков начин на изразување. Тогаш не знаев дека сликарството е поздраво од пишувањето, како што од сопственото искуство заклучил овој голем латиноамерикански писател и во исто време сликар, од причини што „сликарскиот начин на изразување е пасиониран, и спасоносен, и среќен.“
    

    И токму тоа е аналогијата по која неговите зборови толку многу ми наликуваат на Илија Пенушлиски, токму таа пасионираност која Пенушлиски ја чувствува кон своето сликарство, токму тој неиздржлив нагон да се повлече потег со четкичката секој ден без исклучок, токму таа радост на творењето не како нешто што се прави за крајниот резултат или за публиката, туку како суштинска креативна потреба да се создава и притоа секогаш одново да се спасува себеси и светот. Уживањето на другите доаѓа само како бонус.
    

    Токму таа страст и таа посветеност на Пенушлиски, заедно со реткиот спој на извонреден интелект, проницлив ум, прецизно око и вонсериска дарба, го прават неговиот сликарски свет толку посебен. И кога уште на овој список ќе ги додадеме неговата енциклопедиска ерудиција и богатото животно и работно искуство, кое не смееме да го испуштиме во оваа прилика бидејќи ние денес сепак го чествуваме неговиот 40 годишен јубилеј од неговата прва професионална изложба, добиваме една експресија која тежнее кон совршенството како императив и квалитет кој ги крева реперите за современото сликарство денес.
    

    Да не заборавиме и дека денешнава изложба е ретко задоволство, бидејќи освен едно претставување во 2008 година (кое се случи по 16 годишна пауза и кое од критиката беше оценето како најзначаен ликовен настан на годината), на Пенушлиски многу повеќе и многу почесто






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+