Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 09 | година II | јуни-јули, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 09јуни-јули, 1999
Критика

Инцестот - една од недосонуваните склоности на светот

- уметнички рефлексии на аделфичкиот мит во европскиот и балканскиот литературен контекст -


/8
стр. 1
Ангелина Бановиќ-Марковска

Кој не се диви и не се чуди за овој век,
    како се устроени овие времиња
    за преумножување на гревовите наши?

    (Слово на Јован Златоуст)

    Кога се во прашање тајните и табуите кои – без оглед на временските дистанции – постојано нè вџашуваат, обземени од дијалогот со самите себеси и со светот се прашуваме дали толкувањето на митовите – траги оставени во времето – не престанале да биде предизвик за нас самите?
    Темата на која ѝ го посветувам овој дискурс, веројатно, ќе побуди контроверзни размислувања. Без сомнение, зашто од сите облици на љубов во едно современо и цивилизирано општество, можеби единствено уште инцестуозната е таа која предизвикува зазорни чувства, па затоа не е чудно што многумина одбиваат да говорат за неа. Сфатена како една од најкарактеристичните категории на престап, таа лесно може да предизвика злоупотреба на авторитетот на говорникот, но кога станува збор за корпусот литературни дела што во рамките на светската и европската уметничка продукција го третираат токму овој феномен, мора да признаеме дека сме соочени со импозантни естетски остварувања. Доволно е само да се присетиме на асоцијациите што ги буди во нас големата античка трагедија за митот на Едип, или библискиот мит за Лот и неговите ќерки, па да ни стане јасно дека без оглед како во уметничката традиција бил применет овој екцентричен феномен, за многу авторски имиња тој прераснал во неодминлива литерарна инспирација. Еве што во оваа насока вели пасионираниот иследувач на митовите за љубовта, Дени де Ружмон: „Кога подобро ќе ги запознаеме митовите што нè искушуваат, кога ќе откриеме од каде доаѓа и каде нè води нивната логика, ќе бидеме, веројатно, подготвени на личен ризик, одговорно да ја прифатиме љубовта и да се свртиме кон самите себеси. Можеби ќе бидеме слободни да сториме и нешто повеќе од тоа“[1].
    Но, за да можеме да ја сфатиме мрачната логика на инцестот и да ја согледаме безумната сила на оваа еротика ќе треба, прво, да научиме да ја читаме и толкуваме скриената моќ на митовите.

1.0. Роден во полемиките меѓу светото и профаното (табу – темите и нивното сквернавење), инцестот прераснал во една голема литерарна тема на која ѝподлегнале многу славни имиња. Во митовите како колективни дискурси [2] на кои им останал непознат поимот индивидуален субјект [3], тие виделе апсолутен „праурнек“ за своите литературни остварувања. Затоа, кога станува збор за една прецизна митоанализа, толкувањето на митските трансформации и нивните парадигматски вредности, редовно ќе имплицира дијахрониска перспектива. Но, односот меѓу митот и литературата е базиран на една

_____________________________________

1. Denis de Rougemont, Mitovi o ljubavi, Beograd, 1985, str. 37;
2. Клод Леви – Строс нè уверува дека во митовите не мислат луѓето ами самите митови во луѓето и тоа без нивно знаење.
3. Индивидуалното по дефиниција не е мит.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+