Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 82 | година XV | јануари-февруари, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 82јануари-февруари, 2012
Звук Осврти

Чекајќи ја пролетта

– осврт кон „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински –


/3
стр. 1
Дарија Андовска

Photo by Herb Migdoll

    Игор Стравински е еден од вистинските епохални музички иноватори. Ниеден друг композитор на дваесеттиот век не покажал толку продорно и сеприсутно влијание, ниту доминирал со својата уметност на начинот на кој Стравински владеел во текот на неговата седумдесетгодишна музичка кариера. Освен чисто техничките аспекти, како што се ритамот и хармонијата, најбитната одлика на стилот на Стравински е променливоста. Почнувајќи со духот на доцниот руски национализам и завршувајќи ја неговата кариера со трнлив индивидуален јазик, филтриран низ дванаесет-тонскиот принцип на експресионизмот, тој прифатил голем број естетски насоки во текот на неговиот развој, секогаш задржувајќи препознатлив, есенцијален идентитет.
    Стравински се пробил од опскурноста до светот на славата буквално прекуноќ, во јуни 1910-та, кога Дјагилев го претставил неговиот прв балет, „Жар-птица“. Тоа дело, и „Петрушка“, кое се појавило една година подоцна, ги слават руските приказни и традиции, и вклучуваат народни мелодии. Во „Посветување на пролетта“, третиот балет на Стравински, исто така се користи фолклорен материјал. Овие три рани дела на Стравински, го дефинираат, па дури и го создаваат модернистичкиот стил, и го етаблираат младиот Стравински како пре-еминентен композитор на векот.
    Иако трите балета се напишани во краток временски период и сите користат фолклорни елементи, во „Посветувањето на пролетта“ ништо не е воопшто традиционално и нема ништо од магичниот шарм и примамливата светлост на претходните два балета; ова е опис на предисториски ритуал, во кој млада жена е одбрана од нејзиното племе да танцува до смрт, за да ги одоброволи боговите на пролетта.
    Премиерата на овој балет во 1913-та се претворила во целосна побуна, а многумина понатака овој настан го нарекуваат „вистински почеток на музиката на 20-тиот век“.
    Упатство за слушање веќе има во поднасловот: Сцени од паганска Русија. Делото се отвора со фагот, кој свири во регистар многу повисок од стандардниот распон, а во текот на 30 минути преоѓа во варварство и паганско ритуално жртвување. Музиката е реска, дисонанта, тешка, огромната перкусивна секција удира и толчи со примитивни ритми, а провокативната кореографија на Нижински, при премиерната изведба, благо речено ја вознемирила публиката. И покрај жестоките дофрлувања и викотници од публиката, и покрај тоа што Стравински самиот ја напуштил салата, Пјер Монто и неговиот оркестар храбро го извеле делото до крај.
    Стравински вака го дава описот на инспирацијата за ова дело: „Имав лебдеечка визија која ми дојде како комплетно изненадување… Во имагинацијата видов свет пагански ритуал: мудри старешини, седнати во круг, гледаат млада девојка како танцува до смрт.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+