Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Поезија

Вовед во нихилизам

од англискиот превод на Ана Хадсон и авторот: Елизабета Баковска


/5
стр. 1
Жоао Луис Барето Гуимареш

16 ноември
26 октомври
Вовед во нихилизам
*** (пушти ја плочата)
Столови

_______________________________________________________________________

16 ноември

    Девојката во црно сака да ѝ кажам колку е саатот. Воздивнува како некој кој чекал и чекал, и сака да кажам колку е саатот, кои бројки ги покриваат стрелките на лицето на часовникот токму во тој задржан миг.
    Три воздишки подоцна, еден младич ѝ пристапува и го бакнува вкусот на кафето на нејзините усни. Гледа дека доцни. Ѝ се чита на лицето.
    Младичот со стеснување ме погледнува. Прашува за времето.
    „Девет и дваесет и девет“, ја слушам кај што му вели.
    Ја зема за рака, се извинува стопати. Храброста ме напушти кога сакав да кажам девет и триесет и две.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+